10 најспектакуларни портрети во историјата на уметноста
6. Ана Зборовски - Амадео Модиљани, 1917
Иако ова е само еден од многуте портрети насликани од Модиљани, постои нешто посебно во врска со оваа слика.
Темните бои и црните очи на лицето на Ана треба да предизвикуваат страв и тага, но, тоа воопшто не е случај, бидејќи во нејзиниот изглед постои нешто многу едноставно и мило.
7. Сон - Пабло Пикасо, 1932
Познато е дека Пикасо сакал да ги слика своите љубовници, кои му биле музи во периодот додека биле заедно.
На сликата го гледаме кубистичкиот портрет на Мари-Тереза Волтер, која тогаш имала 22 години.
Ова парче уметност зрачи со светлина, заматени бои и оптимизам.
8. Наполеон ги преминува Алпите - Жак-Луј Давид, 1801
Многу од овие портрети се сметаат за чиста пропаганда.
И додека Давид ја величал фигурата на Наполеон, техниката со која е оваа слика насликана создава впечаток дека владетелот и неговиот коњ засекогаш ќе останат заробени во моментот.
9. Девојката со бисерната обетка - Јоханес Вермер, 1665
После Рембрант, Вермер е секако најважниот сликар на холандското златно доба. На овој портрет ништо не е случајно, токму затоа му е ова дело едно од најпознатите.
Девојката на портретот носи егзотичен фустан, ориентален турбан, интригантна бисерна обетка и израз на лице кое никогаш не може да се заборави.
10. Мона Лиза - Леонардо да Винчи, 1517
Мона Лиза е најпознатото уметничко дело во светот.
Мистеријата на нејзината насмевка го прави овој портрет уникатен и безвременски.
Ашера | Црнобело
Би можело да ве интересира:





