Приказна за Семирамис, легендарната кралица на Вавилон

Женските владетели во античката Месопотамија биле ретки, но оние што владееле оставиле голема трага во историјата. Во нео-асирскиот режим на 9-ти век п.н.е. една жена владеела со целата империја, која се протегала од Мала Азија до денешниот западен Иран. 

Prikaznata za Semiramis legendarnata kralica na Vavilon 01

Нејзиното петгодишно владеење, иако кратко, поттикнувало голема почит во светот. Грчките писатели и историчари ја нарекувале Семирамис (хеленизирана верзија на Сама-рамат).

На асирската кралица ѝ се давала улога на убава и фатална жена. Таа подоцна им била инспирација на Данте, Волтер и Росини, кои ја опишувале во своите дела. Постојат многу легенди за асирската кралица, но вистинската приказна за Саму-рамат останува нејасна. Што е тоа што таа го постигнала пред 2800 години, што го фасцинирало светот да создаде легенди за неа и нејзиното наследство?

Во древниот град Нимруд (денешен Ирак) постојат две статуи посветени на Набу, богот на знаењето и пишувањето во Вавилон, каде се спомнува нејзиното име. Постојат и две плочи од Кизкапанли, денешен град во Турција, и Асур во Ирак каде, исто така, се спомнува името Семирамис.

Заедно овие четири записи ја раскажуваат основната приказна за Семирамис, кралицата која живеела во Асирската империја помеѓу осмиот и деветтиот век п.н.е., која била во брак со кралот Шамши Адад V, кој владеел од 823 до 811 п.н.е., и која била мајка на кралот Адад Нирари III.

Диодор Сикулус, грчкиот студент во римскиот свет на Јулиј Цезар, ги собрал и составил приказните и легендите за Семирамис. Во неговото колосално, полу-историско дело тој раскажува детална и малку надреална приказна за асирската кралица.

Според Диодор, Семирамис била родена во Ашкелон (денешен Израел) како ќерка на сириската божица Дерцето (локална верзија на феникиската божица Астарте и вавилонската Иштар) и еден сириец. Кога божицата ја оставила ќерката, ја посвоил слугата на асирскиот цар кој ѝ го дал името Семирамис.

Prikaznata za Semiramis legendarnata kralica na Vavilon 02

Гувернерот на кралот на сириската провинција, Онес, го убедил нејзиниот татко да се омажи за него. Потоа Онес бил испратен да го окупира градот Бактру во Централна Азија, а Семирамис отпатувала заедно со него и му помогнала да ја измисли победничката стратегија.

Кога дознал за овој неверојатен потфат, асирскиот цар, Нинус, сакал да ја запознае хероината во која се вљубил на прв поглед. Тој му наредил на Онис да ја замени својата жена со една од неговите ќерки, но Онис одбил.

Поради заканите на кралот Нинус, Онис извршил самоубиство. Вдовицата Семирамис се омажила за Нинс со што станала кралица на Асирија. По неколку години и кралот Нинус починал.

Според грчките историчари, амбициозните градежни проекти на новата кралица предизвикувале восхит за времето на нејзиното владеење. Таа наредила новиот град, Вавилон, да биде изграден на бреговите на Еуфрат.

Доидор Сикулус дури сметал дека Семирамис не го изградила само Вавилон, туку и кралската палата, храмот на Мардук и градскиот ѕид. Другите грчко-римски автори сметале дека Семирамис стоела зад легендарните висечки градини на Вавилон, едно од седумте чуда на античкиот свет.

Prikaznata za Semiramis legendarnata kralica na Vavilon 03

Секулус вели дека, по изградбата на Вавилон, Семирамис започнала неколку воени кампањи за да ги спречи востанијата во Персија и Либија. Подоцна ја организирала најтешката кампања: инвазијата на Индија, но и покрај нејзиното внимателно планирање, инвазијата не успеала.

По пропаднатата инвазија синот на Семирамис, Ниниас, сакал да го преземе тронот. Во приказната на Секулус таа мудро решила да не се бори против својот син. Наместо тоа мирно му го предала тронот.

Јулиј Хигинус, римскиот автор од првиот век п.н.е. вели дека легендарната кралица извршила самоубиство со фрлање во оган, додека римскиот историчар од третиот век, Јустин, тврдел дека Семирамис била убиена од страната на нејзиниот син.

Легендата за Семирамис претставува јасна паралела со другите антички митови. Нејзините божествени корени потсетуваат на приказната за Херакле, додека приказната за напуштањето како бебе потсетува на приказната за Мојсеј.

Поради голем број на прикзни и легенди можеби никогаш нема да ја дознаеме вистинската приказна зад асирската кралица.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Жена брка богати швалери за да добива скапи подароци - но сопругот ѝ одржа добра лекција (видео) Жена си бркала богати швалери за да добива скапи подароци од нив, но мажот со тр...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg