Најозлогласени сериски убијци кои никогаш не биле фатени
Повеќето познати сериски убијци најчесто биле уапсени. За нив се пишувале книги, се снимале филмови и серии, а после неколку години најчесто биле заборавени.
Сите имаме слушнато за Дамер, Гејси, Банди, Кемпер…кои биле едни од најпознатите сериски убијци. Сериски убиец се дефинира како поединец кој убил најмалку три лица, иако според некои параметри во некои земји тој број падна на две убиства.
Главниот мотив им е психолошкото задоволство, а често имаат и сексуална компонента, дополнително мотивирана со гнев, алчност и потрага по внимание.
Иако овој феномен датира од почетоците на историјата, самата фраза е релативно нова. За прв пат се користи во 1974 година од страна на ФБИ агенти. За жал, постојат и некои убијци кои никогаш не биле фатени, а ова се најозлогласените од нив.
Лудиот месар
Лудиот месар, познат и како „Kingsbury Run“ или „Cleveland Torso Murderer“ беше сериски убиец кој има убиено најмалку 12 лица во Кливленд, Охајо. Лудиот месар ги убиваше луѓето во текот на 1900-тите, а својот прекар го доби поради големата свирепост. Имено, ги сечел труповите и главите на своите жртви.
Иако полицијата во тоа време била предводена од легендарниот Елиот Нес, кој ги водеше „Недопирливите“, бестрашните полицајци кои не биле подложни на корупција и кои го урнале кралството на Ал Капоне. Лудиот месар никогаш не бил уапсен.
Фантом
Фантом (The Phantom Killer), познат и како „Moonlight killer“, бил одговорен за пет смртни случаи во 1946 година. Покрај тоа што бил безмилосен убиец, Фантомот останал запаметен по својот застрашувачкиот изглед. Тој бил висок човек кој носел качулка и бела маска.
Ги напаѓал младите двојки на осамените места со пиштол. Секогаш напаѓал за време на викенди, доцна во ноќта.
Зодијак
Зодијак беше активен од 1960 година до средината на 1970-тите. Името Зодијак си го даде сам на себе, а познат е по своите саркастични писма кои ги испраќаше до полицијата и медиумите. И покрај огромната потрага, Зодијак успеа да убие 7 лица, а полицијата никогаш не го откри неговиот идентитет.
Тој на полицијата ѝ има испратено вкупно 4 шифрирани писма, а само едното беше успешно дешифрирано.
Servant Girl Annihilator
Во 1885 година, во Остин, Тексас, се појави озлогласен убиец кој медиумите и полицијата го нарекоа „Servant Girl Annihilator“. Познато е дека убил 16 девојки. И покрај фактот што биле осомничени и уапсени стотици луѓе, „Servant Girl Annihilator“ никогаш не бил уапсен.
Жена без лице
Жена без лице, позната и како „Phantom of Heilbronn“ е непозната жена, сериски убиец, чие постоење е заклучено врз основа на ДНК пронајдена на бројни места на злосторство во Австрија, Франција и Германија (1993-2009).
Она што на полицијата ѝ создава најмногу проблеми е тоа што 15-те злосторства, од кои 6 се убиства, немаат никаква поврзаност, освен пронајдената ДНК.
Ашера | Црнобело