Кристален череп - убава и неодгатлива загатка која сè уште ги плени луѓето

Откритието на Троја, кон крајот на 19-от и почетокот на 20-от век, ги поттикна истражувачите да ја преиспитаат владејачката слика на светот со нов став. Последицата на таквиот однос беше голем број на откритија кои фрлија ново светло врз човечката историја. 

Kristalen cerep ubava i neodgatliva zagatka koja se uste gi pleni lugeto 01

Оваа атмосфера му даде повод и на англискиот авантурист Фридрих А. Мичел-Хеџис да ја започне својата експедиција во 1927 година. Главната идеја на Хеџис била да ги пронајде можните остатоци од легендарната Атлантида, но она што го пронајде беше мистериозниот кристален череп.

Во внатрешноста на џунглите на Белизе, ќерката на истражувачот Хеџис, Ана, под олтарот пронајде необично убав череп. Черепот стар сто илјади години беше еден од 13 черепи, кои, кога ќе се соберат на едно место, ќе ги пренесат сите тајни на светот, вели старата легенда на Ацтеките и Маите.

Дури и пред Хеџис, францускиот истражувач Јуџин Бобан кон крајот на 19-тиот век пронајде две слични, но помалку совршени черепи во Мексико. Едниот череп во 1878 година го купи Паришкиот Музејот на човекот, а другиот Британскиот музеј во Лондон во 1898 година. Иако подоцна се пронајдени уште неколку кристални черепи, овие три се најубави примероци.

По деталното истражување експертите заклучиле дека черепот во сопственост на Хеџис го прикажува ацтечкиот бог на смртта „Mictlantecuhtli“. Потоа детално се испитуваше кристалниот череп од Британскиот музеј. Утврдено е дека моделот на черепот бил правен според женски лик.

Kristalen-cerep-ubava-i-neodgatliva-zagatka-koja-se-uste-gi-_pleni-lugeto-02.jpg

Черепот од Британскиот музеј е веројатно копија на черепот од Хеџис. Она што ги збунува истражувачите е начинот на кој се создадени черепите. Имено, черепите се бушени со ротирачко тркало за мелење, но ниту Маите, ниту Ацтеките не го користеле ова тркало, што би можело да значи дека черепите не потекнуваат од овие култури.

Покрај тоа, кога черепот би бил направен според черепот на американските индијанци, истиот би требало да има заоблена долна вилица, што не е случајот со кристалните черепи.

Черепот бил најверојатно религиска реликвија од непроценливо значење за културата на која ѝ припаѓаше. Имено, во внатрешноста на черепот постои призма со мали светлосни тунели кои овозможуваат предметите под черепот да бидат осветлени и зголемени. Во очите се наоѓаат мали леќи кои ја пренесуваат светлината во внатрешноста на черепот.

Kristalen cerep ubava i neodgatliva zagatka koja se uste gi pleni lugeto 03

Националниот музеј на Мексико побара во 1967 година да се врати черепот од Британскиот музеј, но ова барање не помина. Експертите од Министерството за минералогија наскоро издадоа соопштение дека черепот е фалсификат и дека не е направен од древна цивилизација, туку од занаетчии од населбата Ејдар Оберштајн во источна Германија.

Овој град во средниот век бил центарот на скулптурната уметност. Во 19 век занаетчиите емигрирале во Јужна Америка, каде што откриле огромни количини на планински кристали во Бразил. Во 19 век декоративните предмети од кристали беа вистинска атракција во буржоаските кругови, па се верува дека тогаш настанале черепите.

Било да се работи за фалсификат или вистински древни симбол, кристалните черепи никогаш не престанаа да го привлекуваат вниманието на лаиците и експертите. Додека мистиците им даваат натприродни моќи, сите се восхитуваат на совршеноста на изработката, а шпекулациите за нивното потекло не престануваат.

Научниците не можат да кажат ништо конкретно за времето, местото и начинот на нивното создавање, па черепите и ден денес остануваат убава и неодгатлива загатка.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Сериски убијци кои биле пуштени од затвор и денес се на слобода Некои сериски убијци биле пуштени од затвор поради добро однесување, а некои, ед...
Убиства, исчезнувања: Морничави нерешени мистерии поврзани со славни личности Исчезнувањето на актерот Џо Пичлер, но и убиството на Елизабет Шорт која била пр...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
8 изуми кои ги создале жени, а без кои светот ќе беше сосема поинаков Аквариум, чистач за снег - жените стојат зад многу значајни изуми без кои светот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg