Како да уживате во есента?
Дождот е речиси неизбежен во есен. Наутро тмурно, во текот на целиот ден мокро, депресивно. Ваквите денови најчесто влијаат и врз нашето расположение...
...па често и ние сме „тапа“. Како да си го разубавите есенскиот врнежлив ден.
1. Облечете нешто жолто. Жолт капут, чадор или шал. Жолтата боја влијае на расположението и прави да се чувствуваме задоволни.
2. Јадете јужно овошје. Освежете се со мандарини и портокали. Најчесто ова се плодови во кои уживаме, а и воедно го подобруваат нашето расположение.
3. Сетете се на летото. Некои велат дека темниот тен ни ги буди летните сеќавања, и со тоа не прави повесели. Ако не преферирате вештачки тен, ќе ви помогнат и обичните лосиони за после сончање кои имаат мирис на море и лето. И со мирисот се будат сеќавања. Пуштете ги летните хитови и играјте, играјте, играјте...
4. Облечете весели водоотпорни чизми. Кога врне постојано пазите каде газите и најчесто пак доаѓате дома со мокри чорапи и упропастени чевли. Ако имате гумени чизми ќе уживате во скокањето низ вирчињата без мака, па дури и ќе уживате во дождот.
5. Уживајте во домот. Бидејќи врне и надворешните активности се отежнати, уживајте во домашна атмосфера. Испечете си костени, направете си греано вино, пуштете си филм и уживајте во моментите поминати со најблиските.
И за сите љубители на дождот: