Зошто стјуардесите ги пречекуваат и поздравуваат патниците на влез во авион?
Знаете ли дека со тоа што ќе им кажете „здраво“ на стјуардесите на влез во авионот, тие веќе градат мислење за вас како патник?
Кога се качувате во авион, стјуардите или стјуардесите секогаш ве поздравуваат и пречекуваат со насмевка, а очекуваат и вие да им возвратите.
Но, дали знаете зошто го прават тоа и зошто не им се смачува цел ден да поздравуваат стотици патници?
Всушност, тие имаат добра причина – со само еден поздрав, тие добиваат прв впечаток и градат мислење за патниците уште на самиот почеток на летот, а сето тоа е заради безбедносни причини.
Погледнете на кои фактори обрнуваат внимание при поздравот:
Физичка сила
Ако сте во добра физичка форма, екипажот дефинитивно ќе го забележи тоа и ќе запомни каде седите. Вашата помош може да биде добредојдена ако настане хаос кој треба да се смири.
Исто така, во случај на несреќа, силен маж може да помогне за организирање на евакуација многу побрзо и поефикасно.
Интоксикација со алкохол
Пијаните луѓе може да прават многу проблеми за време на летот – несоодветно однесување, непослушност, непријатност кај другите патници заради вознемирување и непријатен мирис.
Па, доколку на почетокот на летот, стјуардите забележат дека патникот е во состојба на интоксикација, може да не прифатат негово качување на летот.
Болест
Никој не сака да прифати настинка за време на лет. Патниците седат еден до друг во мал простор неколку часа и веројатноста да се пренесе нешто е многу голема.
Ако изгледате претерано бледо, изнемоштено, кашлате, кивате или сметаат дека нема да може да го издржите летот, тие исто така може да одбијат качување.
Присуство на колеги
Исто така, стјуардесите се обидуваат да откријат дали на летот се качуваат нивни колеги и членови во екипата помеѓу патниците, бидејќи тие луѓе се обучени за итни ситуации на опасност и медицинска помош, па во таков случај, ќе можат да им се обратат и да сметаат на нив.
Аерофобија
На стјуардесите им е важно и да знаат кои патници се плашат од летање, а тоа се забележува уште при нивното качување, па се обидуваат да им обрнат повеќе внимание во текот на летот.
Физичка неспособност или инвалидитет
Идентификувањето на патници со инвалидитет или други физички ограничувања е важно од две причини:
- Тие не смеат да седат кај излезот за во опасни ситуации, бидејќи во таков случај, нема да можат да ја отворат тешката врата или може дури и да го блокираат излезот
- На тие патници им е потребна дополнителна помош, а стјуардесите се грижат тие парници да не бидат заборавени во итни ситуации
М. М. | Црнобело