Бизарни барања на гостите
Американскиот ланец на хотели Бест Вестерн откри какви сè чудни барања имале гостите кои престојувале во нивните хотели во текот на 2010 година.
На самиот врв на бизарни барања се наоѓаат девојките за сексуалните зависници, група љубители на животни кои барале посебен кревет за секое куче кое со себе го донеле, како и гости кои инсистирале на менито да има исклучиво сина храна.
Голем број од чудните барања во главно се добиваат од компании кои во нивните хотели одржуваат годишни генерални состаноци. Една таква компанија побарала за своите вработени да се одржи курс за циркус-тренинг.
Организаторка на конференција на продавачи на косилки побарала дозвола да ја косат хотелската трева за да можат гостите да ги испробаат различните видови на косилки за трева.
Група за поддршка на сексуалните зависници резервирала само соби за самци и го замолила персоналот на хотелот да се осигураат дека секој од нивните членови ќе ја помине ноќта сам.
„Ние секогаш се трудиме најмногу што можеме да ги задоволиме барањата на гостите, без оглед на тоа колку се чудни или комплицирани” - вели шефот на маркетинг на Бест Вестерн, Тим Вејд, иако признава дека било невозможно да се набават кревети долги 215cm за посетата на членовите на клубот на високи луѓе од Велика Британија.