Татко им бара девојки на своите 3 убави и неженети синови преку оглас во весник
Родителите понекогаш навистина покажуваат неверојатен талент за да ги посрамотат своите деца.
Нил од САД ги изрекламирал своите 3 неженети и прекрасни синови откако пристигнале во Нов Зеланд. Тој им барал девојки на Бенџамин, Џереми и Метју преку оглас во весникот NZ Herald.
„Здраво родители. Ние сме од Орегон, САД, ја посетуваме вашата убава земја. Мојата сопруга и јас имаме три прекрасни, успешни и неженети синови на возраст пд 28 до 32 години. Не очекуваме, само се надеваме да ги запознаеме нашите синови со убави ќерки од Нов Зеланд. Во најмала рака ќе ги посрамотиме нашите синови и вистината е дека ќе уживаме во тоа.“
Нил откри дека навистина сака да им помогне на своите синови да пронајдат добри девојки со кои ќе имаат долги и значајни врски, но и да се пошегува на нивна сметка.
Како изгледа огласот:
С. С. | Црнобело