Тренинг за автограми, забрането зборување: Правила кои вработените во Дизниленд мора да ги следат
Ако замислувате дека работата во Дизниленд е совршена, тоа не значи дека е и лесна.
Вработените во овој забавен парк имаат многу обврски, одговорности, но и правила кои мора строго да ги следат.
Па така, за да бидат дел од тимот, „принцезите“ мора да исполнуваат одредени услови за висина, а мора да почитуваат и многу други правила поврзани со изгледот.
Овде ништо не е случајно, а никој од вработените не смее да не знае нешто, па кога ќе ги прочитате сите правила и обврски кои ги имаат, ќе го промените мислењето за совршена работа.
Што значи да се биде вработен во Дизниленд?
Целиот парк е сцена
Вработените во Дизниленд, не се технички вработени, туку членови на „актерска екипа“, независно дали се дел од вистинска претстава, или служат храна.
Сè е во духот на Дизни
Откако ќе го облечат костимот на ликот кој го претставуваат во паркот, додека да го соблечат, тие мора целосно да бидат внесени во улогата и не смеат да зборуваат за ништо што конкретниот лик не би го знаел и што е надвор од светот на таа приказна.
Услови за висина
Секоја девојка што сака да биде Дизни принцеза, мора да биде висока помеѓу 162 и 172 cm.
Оние кои се пониски, може да бидат други ликови како Алиса од земјата на чудата или Венди од Петар Пан.
Правила за изглед
Од коса до нокти – Дизни има многу барања за физичкиот изглед на нивните вработени.
Косата на жените треба да биде во класичен стил со боја на коса која изгледа природно. Може да имаат нијансирани прамени, но суптилни и добро изведени низ цела коса.
Кај мажите пак, нивната коса не смее да ги покрива ушите и мора да биде добро средена.
Оние кои работат со храна, не смеат да имаат нокти подолги од врвот на прстите и не смеат да имаат лак или вештачки нокти.
Изненадувачки, дозволено е да се има тетоважа, но мора да биде добро покриена со облека или специјална шминка.
Правила за накит
Жените смеат да носат по еден прстен на секоја рака и една обетка на секое уво. За мажите, правилото со прстенот е исто, а обетките им се забранети.
Нема предрасуди во поглед на пирс на други места, но не смее да се носат за време на работа.
Начин на покажување
Вработените во Дизни имаат посебен начин на покажување со рака. Ако сакаат да дадат насока, не смеат да покажат со еден прст бидејќи е непристојно, туку мора со два или со цела рака.
Грациозно отстранување на отпадоци
Ако некој од екипата забележи ѓубре на земја, мора да го собере бидејќи на отпадоците не им е место таму.
Но, не треба само обично да се наведнат и да го соберат, туку користат посебно грациозно движење.
Мора да знаат сè
Ако некој ги праша нешто за паркот, одговорот „Не знам“ е апсолутно забранет. Дури и ако не знае нешто, членот на екипата мора да праша некој друг за да го дознаат одговорот.
Соодветни автограми
Еден од најзабавниот дел на децата им е да собираат автограми од омилените ликови, а секој лик има различен потпис кој е препознатлив и ист, независно кој го глуми ликот.
Каков и да е ракописот на вработениот, ќе помине низ тренинг за автограм, со цел да се усоврши и да изгледа идентично секогаш.
Цело работно време без зборување
Вработените кои имаат целосен костим како Мики Маус, Мини Маус и слични ликови каде не им се гледа нивното лице, не смеат да зборуваат ништо, а цел ден поминат без изустен збор, и не е толку магично...
М. М. | Црнобело