Се заколнуваат на тајност до крајот на животот – Строгите правила што ги следат агентите на ЦИА

Нормално, мора да се заколнат на лојалност на САД и ако ја предадат државата на каков било начин, ќе бидат строго казнети.

se-zakolnuvaat-na-tajnost-do-krajot-na-zhivotot-strogite-pravila-shto-gi-sledat-agentite-na-cia-01.jpg

Кога ќе се спомне ЦИА, обично си замислуваме некој како Џејмс Бонд или Џејсон Борн.

Иако можеби омилените агенти се инспирирани од некои вистински личности, животот на повеќето вработени во ЦИА не е баш како на филм.

Но, сепак, барем агентите, мора да следат некои строги правила.

Дел од нив во продолжение:

Мора да се заколнат на лојалност на САД

Ова е очигледно бидејќи станува збор за американска разузнавачка агенција, но агентите навистина мора да ја докажат своја лојалност.

Ова значи дека за секоја постапка со која ја загрозуваат земјата на кој било начин, можат да бидат строго казнети.

se-zakolnuvaat-na-tajnost-do-krajot-na-zhivotot-strogite-pravila-shto-gi-sledat-agentite-na-cia-02.JPG

Мораат да се заколнат на тајност

И ова е уште очигледно правило, но кое во ЦИА оди до екстреми.

Агентите се заколнуваат на апсолутна тајност, односно не смеат да зборуваат за никоја тајна операција ниту изворите што ги користат.

И, ова важи до крајот на нивниот живот, не само додека се во агенцијата.

Во спротивно, секако, ќе бидат казнети.

se-zakolnuvaat-na-tajnost-do-krajot-na-zhivotot-strogite-pravila-shto-gi-sledat-agentite-na-cia-03.JPG

Нивните онлајн профили се строго контролирани

Агентите на ЦИА не се соочуваат со забрана за користење социјални мрежи, како Фејсбук, но мора да слеат некои правила.

Најпрво, тие никако не смет да користат социјални мрежи додека се на работа.

Во нивните објави, пак, никако не смеат да ја спомнат ЦИА или што било поврзано со нивната професија.

Не смеат да ги означуваат или спомнуваат нивните колеги и не смеат да ја споделуваат нивната локација.

Неретко дури се советувани и во пријатели да немаат никој од агенцијата.

А, надлежните ја следат онлајн активноста на кандидатите за агенти уште пред да ги вработат.

На пример, ако викнат некој на интервју, а тој подоцна се пофали онлајн, најверојатно нема да го вработат, колку и да се соодветен за позицијата.

se-zakolnuvaat-na-tajnost-do-krajot-na-zhivotot-strogite-pravila-shto-gi-sledat-agentite-na-cia-04.JPG

Соработка со ФБИ не е така лесна како во филмовите

Разликата меѓу ФБИ и ЦИА е нивната јурисдикција.

Односно, ЦИА не смее да шпионира жители на САД, додека ФБИ ја има таа дозвола.

Па, кога од ЦИА сакаат да следат Американец, некогаш мораат да соработуваат со ФБИ.

Но, пред да ја почнат соработката, агентите мора да состават формално барање со детални инструкции и стратегија.

Потоа, директорот на ЦИА или некој друг надлежен одлучува дали ќе го испрати барањето.

И, сето ова може да потрае.

se-zakolnuvaat-na-tajnost-do-krajot-na-zhivotot-strogite-pravila-shto-gi-sledat-agentite-na-cia-05.JPG

Не е препорачливо да се венчаат со луѓе од други држави

Иако не им е строго забрането, од агентите на ЦИА се очекува да не стапуваат во брак со странски државјани.

Причината била потенцијален судир на интереси и фактот што постоел ризик агентот да стане „лојален на земјата на партнерот“.

Наводно, имало и случаи кога надлежните во ЦИА по секоја цена спречувале бракови меѓу нивни агенти и странски државјани.

se-zakolnuvaat-na-tajnost-do-krajot-na-zhivotot-strogite-pravila-shto-gi-sledat-agentite-na-cia-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
14 случаи кога реалноста е многу полоша од очекувањата - Што порачав, а што добив? „Им напишав толку негативна критика, што ми рекоа дека ќе ми платат за да ја пов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg