Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Каде се ставате себеси на вашата листа на приоритети и што да промените?

Дали си посветувате доволно внимание себе? Умеете ли да си кажете „да“ за вашите лични потреби и желби?

kade-ste-vie-na-svojata-lista-na-prioriteti-01.jpg

Сигурно многу лесно ќе се сетите на сите работи кои ги правите за своите најдобри пријатели, за семејството, за партнерот или децата.

Умеете да им дадете комплименти, да ги охрабрите кога им е тешко, да им поделите по некој совет, па дури и да им простите и некои поголеми грешки.

Но, го правите ли истото за себе? Каде се наоѓате на вашата листа на приоритети?

Многумина се воспитувани со верувањето дека е многу себично да се ставаат себе на прво место. Но, ова е сосема погрешно.

За некој да може да се грижи за другите, мора пред сè да знае да се грижи и за себе. Затоа, најпрво треба да мислите на себе, не на себичниот начин, туку тоа да го правите со самодоверба и внимание.

kade-ste-vie-na-svojata-lista-na-prioriteti-02.jpg

Како да започнете?

Издвојте три нешта од вашите желби што ви се навистина важни. Ако треба, запишете ги и на лист хартија.

Но, внимавајте и како ја формулирате желбата. Наместо „Сакам да патувам“, наведете си конкретна дестинација, на пример „Сакам да заштедам доволно пари за одмор со децата“.

Бидете конкретни во поставувањето на својата цел и внимавајте на деталите. На тој начин ќе успеете полесно да се посветите на себе, но и да ги исполните своите желби и очекувања, бидејќи точно знаете каде сте тргнале.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
6 прашања што ќе ви помогнат да ја откриете вашата токсична особина (и како да се ослободите од неа) Дали имате желба да им наредувате на другите и да ги терате да прават тоа што са...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg