3 типови на пријателки кои треба да ги избришете од именикот (и животот)

Во животот е најважно да бидете опкружени со добри луѓе. Тука можеби лежи клучот на среќата и мирот. Пријателството секако е неизоставен дел, како едно од најголемите богатства.

3-tipovi-na-prijatelki-koi-treba-da-gi-izbrisete-od-zivotot-01.jpg

Но, за жал, не сите пријателства се подеднакви добри и ни се потребни во животот.

Време е да ги отстраните токсичните пријателки и оние кои ви го загорчуваат животот еднаш и засекогаш:

Озборувачката

Ја интересира сè, за секого. Не знае да чува тајни. Со вас ја озборува третата пријателка, а кога е со неа на кафе ве озборува вас.

Тажната плачка

Нормално е повремено да им се пожалиме на пријателите и да побараме помош или поддршка. Но, доколку тоа го правиме секојдневно, трупаме свои проблеми и солзи на нечиј туѓ грб, дефинитивно не сме добри пријатели.

Константните жалби и негативноста се исцрпувачки и непотребни во животот.

Конкурентната

Таа сака да се натпреварува со сите, а најмногу со вас. Ве убедува дека малку натпревар не штети, но чувствувате како пријателството ви е еден вид трка, во која таа секогаш мора да докаже дека е подобра од вас.

Тогаш, кои типови на пријатели треба да ги чувате и негувате во животот, како капка на дланка:

Пријателката од детството

Таа ве познава најдобро, и е вистинска реткост да се има пријател кого го познавате откако знаете за себе. Дури и кога не сте се виделе долг временски период, продолжувате онаму каде што сте застанале.

Меѓу вас постои некоја длабока поврзаност, која ретко може да се доживее со пријателка која сте ја запознале на постари години.

Инспиративната пријателка

Таа е личноста на која ѝ се восхитувате и која на некој начин ве прави подобра личност. Храбра, посветена и го живее животот со полни гради. Дури и доколку немате слични цели и задачи во животот, таа едноставно ве инспирира дека секогаш можете повеќе.

Навивачката пријателка

Блеска со позитивна енергија и го живее животот по свои правила. Ги сака луѓето и не се плаши да им го покаже тоа. Секогаш кога ви треба поддршка и охрабрување, вие сте тука една за друга.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
Знаци по кои ќе ги препознаете луѓето што ве озборуваат и ве осудуваат Да бидеме отворени: сите понекогаш знаеме да ги осудуваме другите и тоа е сосема...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
„Братот на мојот сопруг му го донираше бубрегот“ и уште 5 приказни - доказ дека луѓето се добри За среќа, сè почесто слушаме приказни за добри дела, како кај нас, така и во све...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg