Тајните пораки кои кралицата Елизабета Втора ги испраќа на персоналот
При разгледувањето на фотографии од кралицата Елизабета Втора и ќе забележите една честа навика: чантата скоро секогаш ѝ е на левата рака.
Секако, многумина претпочитаат чантата да ја носат на иста рака, но кај кралицата ова значи нешто повеќе.
Доколку ја префрли чантата во другата рака, тоа не значи дека е уморна, туку дека сака некој од нејзиниот персонал да дојде и да го прекине разговорот со нејзиниот соговорник. Тоа секако ќе биде направено многу љубезно, некој ќе дојде и ќе рече „Се извинувам, бискупот од Кентбери многу би сакал да се сретне со вас“.
Кои се другите навики на кралицата со чија помош таа испраќа тајни пораки не нејзиниот персонал?
Оставање на чантата на маса
Кралицата Елизабета е многу приврзана до нејзината чанта, но монархијата не остава туку така своите чанти на рачката од столот или на земја како обичниот народ.
Кралицата има закачалка под масата на којашто ја закачува чантата за да ѝ биде секогаш при рака, дури и на формални вечери. Затоа забележете, доколку ја стави чантата на маса, тоа е знак дека таа сака да заврши со јадењето во следните 5 минути.
Оставање на чантата на земја
Кога чантата е оставена на земја, тоа е веќе знак дека воопшто не ѝ се допаѓа разговорот и очекува некој од персоналот да дојде и да ја спаси од напорниот соговорник.
Вртење на бурмата
Доколку начекате ретка шанса кралицата да не ги носи своите нараквици, тогаш обрнете внимание што прави со нејзините раце.
Ако започне да ја врти бурмата, тоа е знак дека на кралицата ѝ е досадно и доколку некој од персоналот го забележи ова треба да се вметне во разговорот за таа да може да го напушти.
Притискање тајно копче
Сите сме имале состаноци коишто траеле подолго отколку што сакаме, но кралицата Елизабета не мора да се грижи за ова.
Кога таа има официјален состанок во Бакингемската Палата и решила дека состанокот е завршен, тогаш може само да притисне на скриено копче и веднаш нејзиниот персонал ќе влезе во собата за да ги испрати гостите.
Изборот на облеката
Ова не важи само за персоналот. Според законот, монархијата треба да си ги задржи своите политички мислења за себе, но будните набљудувачи на кралицата забележале дека таа има суптилни навестувања во нејзината облека.
На пример, после гласањето за Брегзит, шапката којашто ја носела кралицата потсетувала на знамето на Европската Унија. Во последно време се шпекулира дека тоа што таа носи брош којшто ѝ го дал поранешниот американски претседател Барак Обама, значи дека не го одобрува претседателот Доналд Трамп.
(О)Милена | Црнобело