10 знаци дека најдобрата другарка е вашата вистинска сродна душа
Сродната душа влегува во нашите животи за да нѐ подучи и поттикне да бидеме најдобрата верзија на себеси. Таа може да биде пријателот, член од семејството, или, пак, емотивниот партнер.
Задачата ѝ е да нѐ разбуди и крене на повисоко ниво на свесност. Се појавува во точно одредено време. Баш тогаш кога ни е најпотребна, како и кога навистина сме спремни да учиме од неа. А, излегува од нашиот живот кога нејзината мисија е завршена.
Односите со сродната душа неретко се мошне интензивни, а чувството на приврзаност е изразито силно. Ќе се осетите длабоко поврзани, како да се познавате со векови, дури и ако сте се запознале пред само неколку минути.
Голема е веројатноста и да имате идентични навики, или, пак, недостатоци, како и да сте се соочувале со исти предизвици низ годините. Синхронизирани сте и кога не сте заедно, интуитивно знаејќи што другата страна чувствува и мисли.
Улогата на сродната душа е исклучително комплексна. Сепак, кога таа е олицетворена во ликот на вашата блиска пријателка, постои и едноставен начин на кој може да се опише.
Десетте знаци дека најдобрата другарка е вашата вистинска сродна душа се:
Во состојба сте да поминете часови и часови заедно, а во суштина да не правите ништо конкретно. И се чувствувате супер.
Ќе ви ја каже вистината кога нешто ќе ја прашате, без оглед на тоа колку е болна и непријатна.
Помеѓу вас не постои натпреварувачки дух и љубомора, кога се мажите и излегувањата во прашање.
Таа нема да ве осудува поради грешките од минатото, ни да ви приговара што можеби сте се здебелиле. Вистинската пријателка ќе внимава да не ве повреди и нема да дозволи поради неа да се чувствувате лошо.
Кога едната од двете е сериозно вознемирена, другата искрено сочувствува. Обете сте свесни за важноста на добрата и смирена комуникација, како и дека секоја недоумица мора да се расчисти.
Таа разбира кога поради љубовните маки или други проблеми, имате потреба да ѝ се јавите дваесетина пати за да се пожалите. Трпеливо ќе ве слуша.
Со неа може да бидете искрени буквално за сѐ, а секој нејзин совет е добронамерен – иако понекогаш не сакате да го слушнете.
Вашата поврзаност и добра енергија ги привлекуваат погледите на луѓето кога сте во јавност.
Најдобрата другарка секогаш знае како да ве развесели, сеедно дали ќе ве одведе на пиво после раскинувањето, или, пак, ќе ви го донесе омилениот десерт како утеха.
Вам ви е забавно и кога не се забавувате. Важно ви е да сте заедно. Тогаш се чувствувате целосни.
Препознавте ли можеби некоја личност во описот? Да – таа е вашата вистинска сродна душа.
M. A. | Црнобело