YouTube канали за внатрешно патување во човекот

Сите сме свесни колку YouTube зазема дел од животот на човекот, а посебно кај помладата генерација, која ужива да гледа смешки видеа и предизвици од нивните виртуелни херои.

youtube-kanali-za-vnatresno-patuvanja-na-covekot-001.jpg

Но, за сите кои бараат посуштински материјал и кои сакаат да добијат ново знаење, и за нив има решение на оваа интернет платформа. Секако дека ваквите профили не се во голем број како останатите, но постои значителна бројка од кои може да извлечете клучни информации кои ќе го засегаат некој сегмент од вашиот живот.

Ако имате време, ѕирнете некој од следните канали:

Aaron Doughty

Овој јутубер на својот канал има преку 316.000 претплатници и креира практични видеа за зголемување на личната самосвест кај човекот, го опфаќа законот на привлекување и техники и модули за зајакнување на личноста.

Видео материјалот е исполнет со проблематики што го засегаат денешниот човек и во истите може да се најдат различни парадигми, од филозофија, психологија, наука, духовност и многу повеќе.

Actualized.org

Навистина поразличен YouTube канал од кој може многу да се научи. Залудно нема 750.000 претплатници и стотина илјади прегледи на секое видео. На овој канал има преку 80 часа видео материјал за личен развој и примери и совети како да се ослободите од наметнатите верувања и да почнете да живеете на вистински начин.

Откако ќе го изгледате првото видео, после тоа нема да сакате да престанете да се надополнувате себеси.

Meditative Mind

Тимот на овој YouTube канал, кој наскоро ќе достигне 1.200.000 претплатници создаваат музика за медитација, исцелувачки звуци базирани на solfeggio фреквенција, разновидни мантри и музички концепти кои ќе те пренесат на едно поразлично ниво на постоење.

Никогаш не треба да заборавине дека внатрешното патување, секогаш е најдобрата опција. 

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бојадисајте ги велигденските јајца без хаос: Техника со ориз со која ќе се забавуваат и најмалите Бојосувањето јајца за Велигден може да биде вистински стрес ако имате мали деца ...
8 запросувања, Адел прекина концерт за да гледа трка: Интересни факти за ЛОИ во Париз (a немаат врск... Иако на прва ќе си помислите дека Новак Ѓоковиќ, Симон Бајлс (поради бројот...
Од Јутјуб ѕвезди до осуденици: Детали за родителите кои ги малтретираа своите деца за интернет слава Мајк и Хедер Мартин се можеби меѓу првите кои направија Јутјуб канал за да споде...
Убавината им е во гените - Како изгледаат славните жени и нивните ќерки на иста возраст? Како изгледала Кетрин Зита-Џонс на 20 години, а каква е нејзината ќерка Карис на...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Се заколнуваат на тајност до крајот на животот – Строгите правила што ги следат агентите на ЦИА Нормално, мора да се заколнат на лојалност на САД и ако ја предадат државата на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg