Која е најглупавата работа што ја направив заради Инстаграм?
Сакајќи да испаднат фаци на социјалните мрежи, или, пак, за да нанижат што е можно повеќе лајкови, луѓето денес се спремни на сешто. Па, дури и да го ризикуваат сопствениот живот.
Мноштво обиди за инстант слава имаа неславен крај. Другите, пак, уште еднаш докажуваат дека човечката глупост нема граници.
Последна во низата беше блогерката која ја гризна ајкула за добра фотка, по што доби лавина од критики за непромисленоста.
Прашањето е: Вреди ли? Има ли ќар од сите егзибиции, лудории и фалења во објавите на Инстаграм?
Експертите се децидни дека најзаслужни за новата „реалност“ се всушност популарните реални шоуа.
„Мислиме дека и секојдневието ни е како реално шоу, а не е. Забораваме дека таквите програми се всушност исценирани и режирани.“
Затоа, пак, кратките исповеди кои ви ги споделуваме во продолжение, претставуваат и тоа како реални искуства. Повеќе млади луѓе од соседството открија која е најглупавата работа што ја направиле заради Инстаграм:
Си го шинав вратот поради селфи.
Скокнав од висока карпа во море.
Глумев дека возам мотор иако не знам.
Се сликав во бикини на минус.
Висев на балконот за селфи.
Стоев среде булевар со трамвај позади мене.
Се качив на дрво и не можев да се симнам.
Се возев на кровот од автомобил.
Голтнав бубачка поради фотка.
Скокнав банџи иако ми е страв.
Возев велосипед без раце половина час.
Во една рака го држев бебето, со другата сликав селфи.
Се скијав покрај минско поле.
Погалив лисица и ме касна.
Правев селфи од прозорецот на дванаесетти кат.
М. А. | Црнобело