Вирален хит: Татко од затвор ѝ испраќа инспиративни писма на ќерка си веќе 5 години

Таткото на Ариел Томас и покрај тоа што е осуден на 15 години затвор знае дека мора да ѝ биде водилка на својата ќерка низ животот. И тоа го прави преку писма.

viralen-hit-tatko-od-zatvor-i-isprakja-inspirativni-pisam-na-kjerka-vekje-5-godini-01.jpg

Ариел Томас е 23-годишна девојка од Тексас која веќе 5 години секој месец добива писма од нејзиниот татко Грег, кој отслужува затворска казна.

Иако е осуден на 15 години затвор, Ариел вели дека нејзиниот татко е најпаметниот човек што го познава и дека успева да остане позитивен и покрај сè.

viralen-hit-tatko-od-zatvor-i-isprakja-inspirativni-pisam-na-kjerka-vekje-5-godini-04.png

Таа сподели едно од писмата каде тој ѝ говори дека фокусот е најважен во животот и нејзиниот твит стана вирален хит.

viralen-hit-tatko-od-zatvor-i-isprakja-inspirativni-pisam-na-kjerka-vekje-5-godini-03.png

Дел од писмото:

„Фокусот ти дава света моќ која прави да успееш да израстеш мало семе во исполнет и здрав живот. Страста е важна затоа што таа не е мотивирана од парите.

Фокусот е клучот кој го отклучува патот до исполнетоста. Фокусот не смее да биде под влијание на мислењата на другите луѓе. Од ниту една страна, без разлика дали тоа се пријатели, партнер или семејство.

Фокусот не знае кое време е, прави да се изгубиш во уживањето на работењето со часови.

Пронајди ја таа една работа за која чувствуваш најголема страст, потоа комплетно посвети ѝ се и фокусирај се на неа. Ти гарантирам дека ќе станеш најдобрата во таа работа!“

 Ариел вели дека писмата од нејзиниот татко секогаш се позитивни и полни со оптимизам.

viralen-hit-tatko-od-zatvor-i-isprakja-inspirativni-pisam-na-kjerka-vekje-5-godini-02.png

С. С.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Пред и потоа: Луѓе кои ги промениле лошите навики и целосно се трансформирале  „Пред една година, ставив крај на токсична врска и научив да се сакам себеси“. ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg