Тајни кои спасувачите на вода сакаат да ги знаете за ваша безбедност
Игрите „колку долго ќе издржиш под вода“ не се игри
Многумина знаат да се предизвикуваат со оваа „игра“, но држењето на воздух под вода може да доведе до смртни последици заради губење на свеста.
Пливајте само кога сте трезни
Алкохолот може негативно да влијае на способноста на проценување ситуации во вода. Може да мислите дека пливате добро, дека не е толку длабоко и задржувањето воздух да ви биде само шега, но тоа може да доведе до сериозно ризикување на животот.
Не го напуштајте видното поле на спасувачите
Ризикот од давење на место каде спасувачот е присутен е многу помал, отколку на место каде видното поле му е намалено, или уште полошо на диви плажи.
Не сакаат гуми и мускули како помагала за пливање
Гумите и мускулите за малите деца не се доволно безбедни, бидејќи лесно може да се лизнат, а децата добиваат лажна самодоверба за нивните пливачки способности.
За малите деца или неискусни пливачи, најбезбедни се елечињата со соодветна големина.
Газењето боси е лоша идеја
Кога одите под туш или во кабина за пресоблекување, секогаш носете чевли или влечки на нозете, бидејќи таму се шират многу бактерии кои се размножуваат во влажна околина.
Исто така, кога одите во вода, се препорачува да носите гумени чевли за да спречите повреди.
М. М. | Црнобело