Тајни кои спасувачите на вода сакаат да ги знаете за ваша безбедност
Иако многумина не обрнуваат внимание на тоа, сепак треба да знаете како правилно да се однесувате во вода, за да не западнете во неволја.
Според Светската здравствена организација, давењето е на трета линија на листата за причина за смрт.
Секако, вие не треба да одите на плажа и базен со таа помисла, но важно е да сте информирани и да знаете некои клучни работи.
А, кој може да ви помогне подобро во тоа, од спасителите на вода?
Тие откриваат тајни за нивната професија кои треба да ги знаете и совети за следниот одмор:
Не разговарајте со спасувачите за ситници – нервира и одзема внимание
Ако мислите дека самото присуство на спасувачите е доволно за безбедност, се лажете. Понекогаш и тие може да не се концентрирани или нешто да им одзема внимание.
Не се двоумете и побарајте помош, прашајте кој базен одговара за која возрасна граница и прашајте што е безбедно, но не си муабетете 10 минути со нив.
Давењето во реалноста изгледа поинаку од она во филмовите
Спасувачите откриваат дека многу често се случува и веќе е нормално родителите да зјапаат на телефон, додека децата се бањаат или си играат на плажа и не обрнуваат внимание на нивната безбедност.
Многумина веруваат дека ако нешто одеднаш му се случи на детето, дека не е само и некој ќе му помогне, или спасувачот ќе го спаси бидејќи тоа му е работа.
Но, тоа не е толку лесно, посебно ако чекаат на некој друг да го спаси, бидејќи давењето во реалноста не е како во филмовите.
Многу е тешко да се препознае давење. Кога човек тоне, се обидува да земе воздух со широко отворена уста, а на децата многу често главата им паѓа нанапред па почнуваат да се дават, а косата ги покрива целосно, па во гужва тешко е да се забележи.
Нема време за барање помош. Давењето се случува во неколку минути, се губи воздух многу брзо, а време за барање помош и викање најчесто нема.
Некои спасувачи се многу млади
Црвениот крст во Америка сертифицира спасувачи уште од 15-годишна возраст, а и кај нас има многу млади лиценцирани спасувачи кога се работи за базени, па добро е да не се потпирате целосно само на нив, иако не треба да ја потценувате нивната способност.
Прават многу повеќе од спасување луѓе
Главната улога на спасувачите е да се грижат за безбедноста и животот на луѓето околу вода, но во меѓувреме, тие може да пружаат и прва помош при најмала повреда, рана, да чистат околу базенот, да собираат ѓубре, а некаде дури и да чистат тоалети, па затоа имајте малку и разбирање кон нив.
Кога ќе побараат да не трчате, го мислат буквално тоа
Многумина веруваат дека децата се оние кои ги прекршуваат правилата, но има и многу возрасни кои го прават тоа.
Спасувачите советуваат да ги почитувате правилата кога сте покрај базен или на плажа, бидејќи многу повреди се случиле токму од спротивното.
Посебно покрај базен, боси нозе во комбинација со лизгав под може да доведе до голема повреда, зарем не е очигледно тоа, па толку многу луѓе не го почитуваат ова?
Забраните за копање дупки во песокот не се без причина
На многу плажи може да се види знак за забрана на копање длабоки дупки во песокот, бидејќи така биле предизвикани неколку трагични настани.