8 смешни „грешки“ на татковците поради кои уште повеќе ги сакаме

Во нашите очи нашиот татко секогаш ќе остане суперхерој, но од време навреме и татковците знаат да направат по некоја грешка. Особено грешка која ќе не натера да се насмеeме и да ги сакаме уште повеќе. 

8_smesni_greski_na_tato_poradi_koi_uste_poveke_go_sakame_01.jpg

Погледнете кои се најчестите глупости кои секој татко знае да ги направи:

Кога ви правел „модерна“ фризура како мали.

Која ќерка нема пробано некоја од овие модерни фризури? Кога се работи за својата ќерка сите татковци се вистински експерти за коса. Најчесто завршуваме со опавче, кое не е соодветно центрирано и има помалку или повеќе испуштени прамени.

8_smesni_greski_na_tato_poradi_koi_uste_poveke_go_sakame_02.jpg

Кога се обидува да пее некој хит и ќе успее да напише сосема нов текст.

Секој кул татко ги знае најновите светски хитови. Но, кога станува збор за текстот тоа може да биде проблем. И иако ќе го погреши секој збор од вашата омилена песна, никогаш нема да ве остави да пеете сами.

8_smesni_greski_na_tato_poradi_koi_uste_poveke_go_sakame_03.jpg

Кога ќе го заборави името на вашите пријатели, девојки/момчиња.

Иако, веќе сте му кажале милион пати како се вика вашата другарка, другар, момче/девојка сепак тато никако да го запамти нивното име.

8_smesni_greski_na_tato_poradi_koi_uste_poveke_go_sakame_04.jpg

Кога ќе се обиде да ви подготви некој „специјалитет“.

Кој од нас има пробано неверојатен оброк подготвен од тато? Рацете горе! Сепак им даваме по некој поен за трудот.

8_smesni_greski_na_tato_poradi_koi_uste_poveke_go_sakame_05.jpg

Кога се обидува да поправи нешто низ дома и на крај тотално ќе ја „зафркне“ работата.

Секогаш кога тато ќе се обиде да биде електричар, водоводџија или некој вреден мајстор на крај ситуацијата завршува уште полошо од кога почнала. Ќе направи хаос и на крај повторно ќе треба да се јави на мајстор иако мама веќе три пати го предупредила дека тоа ќе се случи.

8_smesni_greski_na_tato_poradi_koi_uste_poveke_go_sakame_06.jpg

Кога ќе заборави како ја запознал мама

Секогаш жените се тие кои се сеќаваат на сите настани од минатото. Од некоја се уште мистериозна причина, мажите забораваат на сите детали и важни моменти. На почеток мама ќе му се лути ама по одредено време сите си прифаќаме дека едноставно тато ништо не може да запамети.

8_smesni_greski_na_tato_poradi_koi_uste_poveke_go_sakame_07.jpg

Кога ќе дојде со вас на шопинг.

Сите ние без разлика на кој пол припаѓаме си знаеме многу добро кој е врвниот шопинг партнер. И сите сме искусиле како е да отидеш на шопинг со тато. Вистинско фијаско.

8_smesni_greski_na_tato_poradi_koi_uste_poveke_go_sakame_08.jpg

Кога ќе се обиде да биде дел од вашето друштво.

Многу често сакајќи да ви докаже дека е во тренд тато ќе дојде со вашето друштво и ќе започне да зборува и да се однесува како тинејџер. Вие ќе се усрамите пред вашите другари, а тој само слатко ќе се изнасмее.

8_smesni_greski_na_tato_poradi_koi_uste_poveke_go_sakame_09.jpg

  К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет изма... Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запозн...
Работи што ќе ги разберат само оние кои живеат сами Многумина мислат дека оние кои живеат сами се многу осамени, но реалноста е мног...
Морничава исповед на жена: „Моите родители беа сериски убијци – ја убија и сестра ми“ „Сакав да побегнам од Англија во Австралија, но не ми дозволија влез во државата...
Славни мајки чии ќерки воопшто не личат на нив (но ја наследиле нивната харизма) Ќерката на Бијонсе ги „украла“ гените од татко ѝ Џеј Зи и е негова копија, за Ва...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg