Кои се 10-те спортисти со најголема заработка за 2018-та, според Forbes?

Доколку размислувате кој спорт е најперспективен и од што најмногу може да се успее, можеби листата на најплатени спортисти ќе ви помогне да сфатите.

Nema-da-vi-se-veruva-koj-e-na-prvoto-mesto-Sportistite-so-najgolema-zarabotka-za-2018ta-spored-Forbs1.jpg

Погледнете кои се 10-те спортисти со најголема заработка за 2018-та, според Forbes:

10. Метју Стафорд (НФЛ) 

30 годишниот квотербек на Детроит Лајонс се најде на десеттото место на листата на најбогатите спортисти за оваа година, заработувајќи неверојатни 59.5 милиони долари.

9. Мет Рајан (НФЛ) 

На деветтото место се наоѓа 33 годишниот квотербек на Атланта Фалконс. Тој оваа сезона заработил 67.3 милиони долари.

8. Стеф Кари (НБА) 

Најдобриот шутер во светот во моментов се наоѓа на осмото место на листата на најбогатите спортисти за 2018-та.

Играчот на Голден Стејт Вориорс оваа година остварил приход од 76.9 милиони долари.

7. Роџер Федерер (Тенис)

Најдобриот тенисер на сите времиња продолжува да прави големи пари од она што го сака. Тој во 2018-та заработил 77.2 милиони долари и се наоѓа на седмото место на оваа листа.

6. ЛеБрон Џејмс (НБА) 

Најдобриот кошаркар на денешницата ЛеБрон Џејмс оваа сезона има заработка од неверојатни 85.5 милиони долари. Тоа е доволно за да го смести играчот на Кливленд Кавалирс на шестото место на оваа листа.

5. Нејмар (Фудбал)

Ѕвездата на ПСЖ и воедно капитенот на бразилската репрезентација оваа сезона заработил 90 милиони долари. Зачудувачки оваа заработка е доволна само за петтото место на оваа листа.

4. Конор МекГрегор (ММА/Бокс)

Озлогласениот Ирец оваа година има заработка од неверојатни 99 милиони долари, доволни „само“ за четвртото место на оваа листа.

3. Кристијано Роналдо (Фудбал)

Ѕвездата на Реал Мадрид и дискутабилно најдобриот играч на планетата, оваа година има заработка од 108 милиони долари. Со тоа легендата на португалскиот фудбал се наоѓа на третото место на најплатените спортисти за 2018-та.

2. Лео Меси (Фудбал)

 Легендата на аргентинскиот фудбал и ѕвездата на Барселона, има заработено скромни 111 милиони долари, доволни за второто место на оваа листа.

1. Флојд Мејведер (Бокс) 

Најдобриот боксер на денешницата се најде на првото место на оваа листа. Тој е најплатениот спортист за 2018-та година со заработка од неверојатни 285 милиони долари... односно, повеќе од Меси и Кристијано Роналдо заедно.

еНВи | Црнобело

Би можело да ве интересира:

13 неверојатни ситуации што се случуваат само еднаш во животот (фото) Постојат ситуации кои може да ви се случат само еднаш во животот и никогаш повеќ...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милија...
Ралф Лорен, Мајкл Корс – Кои се најбогатите модни дизајнери во светот? Со богатство од дури 13,8 милијарди долари, Ралф Лорен важи за најбогатиот моден...
Доби милиони од пејачот, па исчезна: Што се случи со детето кое прво го обвини Мајкл Џексон за силув... Додека беше тинејџер, Џордан Чендлер доби 23 милиони долари од Мајкл Џексон, как...
Разводи, ненадејна смрт – Луѓе за кои милионската добивка на лотарија била клетва наместо благослов Маргарет Лори од Ирска освоила над 27 милиони евра на лотарија, но поради ова се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg