Намалуваме звук на непознати локации: Психолошки факти кои не сте ги знаеле за себе
Дали често отворате врата за други луѓе? Или паркирате до некој друг автомобил, иако паркингот е празен?
Има некои работи кои поголем дел од луѓето ги правиме несвесно и постојано ги повторуваме.
Но, додека не ги прочитате и размислите за нив, не обрнувате внимание на тие ситници.
Во продолжение, прочитајте неколку непишани правила кои постојано ги правиме во одредени ситуации:
1. Го намалуваме звукот на радиото кога возиме на непознати локации, за мозокот да не се фокусира на слушање, туку на визуелни информации.
2. Кога рацете не се зафатени со правење нешто друго додека разговараме со некој, почнуваме да правиме гестикулации.
3. Преферираме да го паркираме автомобилот до друг автомобил, иако паркингот е празен. Причината за тоа е веројатно тоа што ја следиме толпата и правиме нешто што некој друг веќе го пробал.
4. Мажите не користат писоар до оној кој некој друг го користи во моментот, бидејќи нормално, потребен им е личен простор, а не да бидат набљудувани од некој до нив.
5. Кога јадеме во друштво, не го земаме последното останато парче, бидејќи мислиме дека немаме право на него.
6. Мажите преферираат да не прашуваат за насоки. Во истражување, докажано е дека поголем дел од мажи патуваат 1000 километри повеќе во текот на 50 години од животот, затоа што одбиваат да прашаат непознат за насоки.
7. Ја држиме вратата отворена за некој друг, најверојатно за да го намалите колективниот потрошен труд, што значи дека човекот за кој држите врата, не мора да троши енергија и секако заради култура.
8. Не ги купуваме најскапите, ниту најевтините работи, туку оние кои се со средна цена, бидејќи бираме производи со пристојна цена и квалитет.
М. М. | Црнобело