Заеднички особини на сите чија омилена активност им е спиењето, низ гифови
Будењето наутро може да претставува вистински проблем за повеќето од нас. Никој од нас не посакува да го прекине убавиот сон за да оди на работа, но на крај сите некако успеваме да се извлечеме од кревет. Или, сепак не сите...
И без разлика дали некој ваш близок е вљубен во спиењето и повеќе би одбрал да спие одколку да излегува во друштво или таа личност сте вие, ви претставуваме неколку заеднички особини на сите спанковци во кои сигурно ќе успеете да се пронајдете.
Паузата за ручек може да се искористи и за дремка
Кога спиењето ви е поважно од сè останато, тогаш сигурно секоја можна пауза ќе ја искористите токму за таа намена.
Јадењето никогаш нема да ви биде приоритет, па така наместо да се упатите на ручек, ќе си најдете некое тивко ќоше за кратка но ефикасна дремка.
Добро знаете како да се справите со „фризурата“ предизвикана од добра дремка
Уште една последица на љубовта кон спиењето е токму прекрасната фризура која ја добивате после секоја добра дремка.
Но, кога имате цел живот пракса, веќе си знаете како да се справувате со овој проблем. Најверојатно во секој џеб си чувате чешел или шноли со кои брзо ќе се доведете во ред и никој нема да дознае за вашата мала, слатка тајна.
Многу често откажувате планови само за да поспиете
Понекогаш оваа опсесија може да биде толку голема што би ги откажале сите планови само за да добиете уште неколку часа квалитетен сон.
И додека голем број пријатели може да ви се налутат за ваквата постапка, најблиските одамна се помирени со фактот дека ваш приоритет е секогаш вашиот кревет.
Сите кои ви судат се само љубоморни на додатните часови кои ги поминувате спиејќи
Доколку некој ви се налути што сте откажале план само за спиење или на фактот што секогаш сте свежи и одморени, си знаете многу добро дека тоа се должи на опасното зелено чудовиште.
Факт е дека не сме сите способни да бидеме шампиони во спиење.
Сигурно сте заспале и дома кај некој од вашите пријатели
Одите дома кај некој од вашите пријатели и додека тие ви раскажуваат за настаните од денот, вие започнувате да ги затворате очите и да ве фаќаат дремки.
На сите спанковци им се има случено барем еднаш да заспијат во домот на пријателите, случајно или можеби не.
Спанковци, се пронајдовте ли?
К. Д. | Црнобело