Свршеницата на Хари е претпазлива: Без што не влегува Меган Маркл во авион?

Како што се наближува денот на големата кралска свадба, така на површина испливуваат нови и непознати детали од животот на идната војвотка. Овојпат, станува збор за нејзиниот „невообичаен“ ритуал кога се летовите во прашање.

svrshenicata-na-hari-e-pretpazliva-bez-shto-ne-vleguva-megan-markl-vo-avion-1.png

Авионските патувања се составен дел од секојдневието на кралските семејства. Истото важи и за ѕвездите. Па, иако допрва ќе стане официјален член на британската монархија, Меган Маркл (36) веќе е искусен патник.

Поради актерските ангажмани и улогата на глобален амбасадор за World Vision, таа има прошетано долж повеќе светски дестинации. Со принцот, пак, заедно прават обиколка на Обединетото Кралство, посетувајќи ги Кардиф и Единбугрг, а парот леташе и до странски земји, како Јамајка, Исланд и Боцвана.

svrshenicata-na-hari-e-pretpazliva-bez-shto-ne-vleguva-megan-markl-vo-avion-2.jpg

Па, дамата е добро запознаена со ваквиот начин на живот. И не само тоа. Судејќи по старите белешки од нејзиниот блог, свршеницата на Хари е максимално претпазлив патник. Што мора да има во себе?

Многумина би помислиле дека убавицата во рачниот багаж носи шминка и козметика. Сепак - не е така. Верувале или не, таа не влегува во авион без средства за дезинфекција.

svrshenicata-na-hari-e-pretpazliva-bez-shto-ne-vleguva-megan-markl-vo-avion-3.jpg

„Немам фобија од бактерии, ама кога сум во авион, секогаш користам влажни марамчиња и спреј за дезинфекција.“

Освен темелно бришење со влажни марамчиња, „невообичаениот“ ритуал на Меган вклучува прскање на седиштата и сè наоколу со спреј за дезинфицирање - почнувајќи од мониторот, па до послужавникот пред неа.

svrshenicata-na-hari-e-pretpazliva-bez-shto-ne-vleguva-megan-markl-vo-avion-4.jpg

„Луѓето чудно ме гледаат, но мене ми е поважно да си го сочувам здравјето до крајот на летот. Мора да се заштитите себеси од бактериите на претходните патници.“

Покрај примената на споменатите реквизити, таа претпочита да се напие пробитик и вода за време на патувањето.

svrshenicata-na-hari-e-pretpazliva-bez-shto-ne-vleguva-megan-markl-vo-avion-5.jpg

Вака го хидрира организмот, бидејќи општо познато е дека ниското ниво на влажност во авионите ја суши кожата и телото.

А, со оглед на тоа дека малку останува до кралската венчавка, таа посебно внимание во моментот посветува на интензивна нега на кожата, подложувајќи се на третмани за смирување и длабока хитратација.

svrshenicata-na-hari-e-pretpazliva-bez-shto-ne-vleguva-megan-markl-vo-avion-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...
Коса што расте во две бои и уште 12 уникатни карактеристики на луѓето кои се истакнуваат од толпата „Одеднаш, мојата лева веѓа почна да станува бела“, „Ќерка ми е родена со две раз...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg