Во Финска учење низ песна, во Кина со строги казни: Како изгледа образованието низ светот?

Во училиштата во Сингапур се наложува многу практична работа, а во Виетнам вистински морални вредности.

vo-finska-uchenje-niz-pesna-vo-kina-so-strogi-kazni-kako-izgleda-obrazovaieto-niz-svetot-01.jpg

Многумина го поврзуваат успехот во животот со квалитетот на едукацијата. И дефинитивно дури и најталентираното дете без правилно насочување многу лесно може да не направи големи достигнувања.

Потребно е да сториме сè што е во наша моќ за да имаме брилијантен едукативен систем.

Инспирација од некои од едукативните системи во светот:

Сингапур

Образованието во Сингапур се смета за најдобро во светот, иако некои го обвинуваат за преголем притисок врз студентите, резултатите се импресивни.

Учениците имаат многу практична работа, допир со професијата што ја избрале за во иднина, за да видат дали тоа е вистинскиот избор за нив и главно мото на наставниците е дека не им е најважно дали учениците го дале вистинскиот одговор, туку дали добро го разбрале прашањето.

vo-finska-uchenje-niz-pesna-vo-kina-so-strogi-kazni-kako-izgleda-obrazovaieto-niz-svetot-08.jpg

Јапонија

Јапонците за најголемо зло ги сметаат наставниците кои само зборуваат пред учениците и сметаат дека ученикот ќе ја разбере материјата само кога тој ќе излезе пред одделението и ќе објаснува како предавач.

Таму се даваат многу домашни задачи, а главен аспект е здравата храна на учениците. Се смета дека во Јапонија живеат најздравите деца во светот, поради одличниот начин на исхрана во училиштата.

vo-finska-uchenje-niz-pesna-vo-kina-so-strogi-kazni-kako-izgleda-obrazovaieto-niz-svetot-02.jpg

Естонија

Во естонските училишта се промовира апсолутна еднаквост на децата, без разлика на потеклото и финансиската ситуација на семејството.

Наставниците остануваат долго време со истото одделение, некогаш дури и по 6 години. Така градат однос на доверба и отвореност.

Но, и ако ја посетите Естонија може да наидете на незадоволство од едукативниот систем, затоа што за Естонците како никогаш да не е ништо доволно, тврдат одредени аналитичари.

vo-finska-uchenje-niz-pesna-vo-kina-so-strogi-kazni-kako-izgleda-obrazovaieto-niz-svetot-03.jpg

Кина

Во Кина на прво место е тимот, а не индивидуата. Наставниците се апсолутен  авторитет и родителите тоа им го дозволуваат. Таму трудот не се смета за среќа, туку за плод на напорна работа.

Им се даваат многу задачи и процесот на едукација е стресен. Децата мора да научат што е лично постигнување.

Се користат и казни, сè со цел децата да научат повеќе и да бидат дисциплинирани. Главна цел не е самото учење, туку правилното обликување на децата како личности со вистински морални вредности.

vo-finska-uchenje-niz-pesna-vo-kina-so-strogi-kazni-kako-izgleda-obrazovaieto-niz-svetot-04.jpg

Финска

Во едукативниот процес во Финска многу работи ќе ве изненадат. Таму нема домашни задачи и ден во училиштето не минува без музика.

Децата свират на инструменти, дури и снимаат свои музички изведби, а музичкото образование се цени исто како и математиката.

Тестовите се спроведуваат така што децата треба да се снајдат да решат неочекувани проблеми и се говори отворено за тешки теми како војни, дрога и сексуална едукација.

vo-finska-uchenje-niz-pesna-vo-kina-so-strogi-kazni-kako-izgleda-obrazovaieto-niz-svetot-06.jpg

Виетнам

Во Виетнам наставниците имаат авторитативен став како родители кон децата. Слично како во Кина.

Децата учат странски јазици, посетуваат дополнителни курсеви и образованието не го сметаат само за пат до успехот, туку и за можност да му донесете напредок и почит и на вашето семејство.

Прво таму ви наложуваат да научите да воспоставувате добри врски со другите луѓе, а дури потоа стапува знаењето на сила. Моралниот аспект и почитувањето на традицијата се изучуваат подеднакво посветено како и географијата на пример.

vo-finska-uchenje-niz-pesna-vo-kina-so-strogi-kazni-kako-izgleda-obrazovaieto-niz-svetot-07.jpg

Пишете ни од ваше искуство – каква е ситуацијата во Македонија?

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Децата се хит: 10 смешни ситуации од кои родителите ги „боли глава“ „Мојот 7-годишен син добил брилијантна идеја – да го заклучи клучот од катанецот...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
10 фото-докази дека некои луѓе земаат плата залудно (и ужасно си ја вршат работата) Ако мислите дека вие сте имале лоша фризура, или дека вашиот мајстор направил не...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg