ИКЕА е закон компанија - обезбеди доказ колку е лошо да си лош (фото)

Негативноста е лоша за луѓето, па дури и за растенијата. Без љубов и убави зборови каков би бил овој свет?

ikea-e-zakon-kompanija-obezbedi-dokaz-kolku-e-losho-da-si-losh-foto -01.jpg

Константното задевање и најведрото дете на светот може да го претворат во тажно и ранливо. Шведската компанија ИКЕА, која е позната по креативноста, сакаше токму ова да им го посочи на децата и да ги научи на лекција дека не треба да бидат лоши со другарчињата од училиште.

Тоа го спроведе така што постави две идентични растенија, кои добиваа иста количина на вода и сончева светлина секој ден.

На децата им кажаa на едното цвеќе да му кажуваат лоши зборови и навреди во текот на 30 дена, додека на другото убави зборови и комплименти.

Кој е резултатот?

Растението кое добиваше позитивен третман остана со убав и здрав изглед, додека тоа што добиваше негативен третман се исуши.

Од тука се наметнуваат прашањата: „Дали растенијата нè слушаат? Дали растенијата искусуваат емоции?“

Но, ИКЕА не е првата компанија што го докажува ова. Низа градинари велат дека растенијата ја препознаваат љубовта и убавите зборови и тоа им влијае позитивно.

ikea-e-zakon-kompanija-obezbedi-dokaz-kolku-e-losho-da-si-losh-foto -02.jpg

Без разлика на науката, пораката на ИКЕА е одлична - сè има придобивки од позитивноста. Таа на одличен начин им прикажа на децата дека е лошо да си лош и дека треба да бидат внимателни како ја третираат околината и другарчињата од училиште.

Како изгледаше експериментот:

Прочитајте и 10 докази дека во маркетинг одделот на ИКЕА работат генијалци!

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Децата се хит: 10 смешни ситуации од кои родителите ги „боли глава“ „Мојот 7-годишен син добил брилијантна идеја – да го заклучи клучот од катанецот...
9 туристи кои открија изненадувачки работи при своите патувања во странски земји „Кога бев во Турција, поминав време со неколку различни семејства. Кога ќе ја ст...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg