Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Две 100-годишни жени тврдат дека тајната на долговечноста е да останете сингл

Дали се согласувате со овие забавни, 100-годишни дами? Дали немањето брачен партнер навистина носи долг и мирен живот?

dve-100-godishni-zeni-tvrdat-deka-tajnata-na-dolgoveshnosta-e-da-ostanete-singl-01.jpg

Lucy Watson неодамна го прослави 100-тиот роденден и откри дека според неа тајната на нејзиниот долг живот е што никогаш не била во брак.

„Патував и имав многу момчиња. Тоа е многу подобро отколку да се има сопруг. Зошто да си ја уништите забавата?“, вели таа.

Таа била сингл жена која го живеела својот живот во полн здив во Лос Анџелес, а омилена активност ѝ била танцувањето.

dve-100-godishni-zeni-tvrdat-deka-tajnata-na-dolgoveshnosta-e-da-ostanete-singl-02.jpg

„Не е важно каков тип на музика е. Секогаш ги мрдам колковите. Најдобар начин за вежбање е додека се забавувате. Плус, мора да си дозволите да уживате во животните задоволства. Јас на пример обожавам чизкејк.“

Во домот за стари лица Dr Susan Smith McKinney Nursing & Rehabilitation Centre во Бруклин таа живее со уште 5 други лица, кои имаат над 100 години.

dve-100-godishni-zeni-tvrdat-deka-tajnata-na-dolgoveshnosta-e-da-ostanete-singl-03.jpg

Caroline Binns, која сега ќе полни 101 година, вели дека одбила 5 понуди за брак во текот на животот.

„Сакам да бидам оставена на мир, а не на парчиња. Сите тие беа многу фини мажи, но навистина не сакав стрес“, изјави таа и исто така заклучи дека статусот сингл е рецепт за долговечност.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
„Кога маж ви вели дека има отворен брак, 99% е сигурно дека лаже“ и уште 11 животни лекции од жени Неговите поранешни девојки не се луди, тој е злоупотребувач, односно проблемот е...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg