Промени низ кои е неопходно да поминете во 30-ите години за да не се каете во 50-ите
30-ите се годините кога почнуваме да ги сумираме нашите први резултати и искуства кои сме ги доживеале дотогаш, па поставуваме нови поамбициозни цели.
Иако можеби не ви изгледа така, сепак имате уште многу време и соништа кои треба да ги остварите.
Затоа, престанете да се жалите дека сте остареле и разберете дека е време да направите некои промени за животот понатаму да ви биде подобар.
Не може засекогаш да живеете како 20-годишни, па погледнете што е неопходно да се случи за да не се каете по 50-тата:
1. Секој ден легнувајте и станувајте во исто време и колку и да ви звучи примамливо, не паѓајте во искушение да спиете до доцна за викендите.
2. Стекнете навика да ги запишувате вашите мисли и да си го опишувате животот во дневник – ова ќе ви помогне да ги искажете чувствата и подобро да разберете некои работи.
3. Време е да почнете посериозно да штедите, бидејќи во иднина ќе мора да обезбедите поголема финансиска поддршка за децата, но и за себеси во пензионерските денови.
4. Редовно закажувајте лекарски прегледи и не заборавајте да се грижите за сопственото здравје.
5. Важно е да одредите кои се вашите способности во кои сте најдобри и да се фокусирате на нив за да ги искористите како предност на патот кон поголем приход.
6. Времето брзо проаѓа и важно е да поминувате повеќе време со семејството и да градите врски и односи со родителите, братот, сестрата и останатите блиски, кои засекогаш ќе бидат силни.
7. Неопходно е да научите да го гледате доброто во секоја лоша ситуација бидејќи со тек на време ќе има многу такви, па мора да научите да се смеете и во најтешките моменти.
8. Почнете да внимавате на исхраната и водете здрав живот, бидејќи понатаму ќе станува сè потешко да се одржувате во добра состојба.
9. Треба да сфатите кои се вашите животни вредности и приоритети, дајте си време и послушајте се себеси за да почнете да се водите во една насока.
10. Важно е да сфатите дека среќата се оценува по способноста да ги забележувате малите и големите радости во животот и да бидете среќни и благодарни за нив.
11. Престанете да мислите дека сите треба да ви се допаѓаат и дека треба да трпите секого, напротив, сами ја бирате околината.
М. М. | Црнобело