Причини заради кои заработувате помалку од тоа што заслужувате
Не си поставувате едно важно прашање
Што мислите за вашата работа? Ако имавте пари, дали сепак би ја работеле истата? Ако не, размислете за тоа што би работеле, што ќе се случи и која би била новата активност која ќе ви помогне да заработите.
Сакате само да заработите пари
Да, тоа е добро, но не треба да ви биде единствен приоритет. Треба да се вложувате во работата и да помогнете компанијата да стане подобра, а не да работите механички само за плата.
Заинтересирајте се да се развиете во тоа поле, а вашата пасија може да ја почувствуваат шефовите, па шансите за професионален раст и пораст на платата исто така значително може да се зголемат.
Живеете според поставени стандарди и не барате подобро
Од многу луѓе често може да слушнеме „Имам доволно за живот“, но тука лежи трикот.
Ви станува пријатно и комфорно на познатиот пат и не сакате да тргнете по некој нов, подобар и поинтересен.
Работата е во тоа што светот се движи – денес можеби имате за живот, но утре ќе сакате да пиете кафе со поглед на Ајфелова кула или ќе треба да одгледувате цело семејство.
Одеднаш, нема да имате доволно за живот ако не правите ништо додека е време и работите по еден ист принцип. Правете нешто секој ден по малку и со тек на време ќе постигнете промена.
Одите на работа за да ги потиснете личните проблеми
Понекогаш, некои луѓе бараат спас во работата за да се оттргнат од личните проблеми. Но, таквата одлука може да биде краткорочно ефективна, но понатаму нема да функционира така.
Тешко е да работите кога главата ви е полна со грижи и стрес, а истражувањата покажале дека среќните луѓе заработуваат повеќе од нивните тажни колеги.
Не се кријте од проблемите со работа, туку прво решете ги сите лични проблеми и конфликти, а на работа одете смирени со бистра глава.
Го правите само тоа што се очекува од вас
Кога правите нешто, важно е да го направите како што треба, но уште подобро е кога ќе ги надминете очекувањата на клиентите.
Ова важи како во професионалниот, така и во личниот живот. За да покажете интерес за кариерен развој, обидете се да бидете подобри од очекуваното.
Преземете иницијатива, а тоа со сигурност ќе биде наградено – доколку не е, не се разочарувајте, само направете некои промени.
М. М. | Црнобело