Причини заради кои заработувате помалку од тоа што заслужувате

Светот е полн со луѓе кои сакаат да бидат милионери без ништо да работат, но и „будали“ кои се утепуваат од работа и на крај, залудно.

prichini-zaradi-koi-zarabotuvate-pomalku-od-toa-shto-zasluzhuvate-01.fw.jpg

Доколку и вие сте од оние кои работат напорно, а сепак вашата плата не е онаква каква што посакувате и заслужувате, има некој проблем.

Некои работи треба да бидат променети и треба да сфатите каде точно лежи проблемот.

Постојат повеќе причини за тоа, а професионалните тренери, успешни бизнисмени, како и научници кои истражувале, давале совети на оваа тема.

Оттаму се собрани и искомбинирани неколку главни причини заради кои може да заработувате помалку од тоа што заслужувате:

Ја потценувате вашата професионалност

Според професионалците, жените кои заработуваат малку, работат многу.

Тие се согласуваат на мали плати и често се потценуваат себеси професионално, мислејќи дека нивното знаење и вештини не се доволни за позицијата.

Многу од нив се плашат да преземат одговорност за себеси и нивниот успех го поистоветуваат со среќа или случајност.

Жените треба да земат пример од мажите, кои пак, ја преценуваат својата професионалност и способности. Со оваа стратегија ќе постигнете успех.

prichini-zaradi-koi-zarabotuvate-pomalku-od-toa-shto-zasluzhuvate-02.jpg

Работите бесплатно

Искусните луѓе велат дека тоа што работите за едно „благодарам“ не зборува за вашиот професионализам, бидејќи си го користите вашето време, знаење и способности, а секоја работа чини пари.

Може да работите без да ви платат само во одредени ситуации, како на пример кога вие имате корист и гледате дека вреди да се стекнете со знаењето и искуството, дури и без да ви платат.

Се плашите да побарате покачување на плата

Жените исто така често се плашат да започнат разговор за зголемување на платата, бидејќи се плашат од негативниот исход.

Но, таквиот разговор е неопходен кога вашите обврски се зголемиле, а платата останала иста.

Според некои истражувања, најдобро е тоа да го барате во петок наутро, а најлошо во понеделник околу ручек или пред шефот да го испие утринското кафе.

Сепак, сè е индивидуално и најдобро е вие да процените.

prichini-zaradi-koi-zarabotuvate-pomalku-od-toa-shto-zasluzhuvate-03.jpg

Се задржувате до доцна на работа

Ова е ситуација и случај кога постојано останувате на работа после завршувањето на работното време.

За ова постојат повеќе причини – неправилно планирање време, желба да се покажете како вреден работник или верување дека само вие можете да завршите некои работи.

Во секој случај, оваа практика не ви помага да заработите повеќе ако дополнителните часови не ви се платени, а вие секако го губите времето непотребно.

Затоа, одете порано на работа и завршувајте ја работата навреме, па одете дома да ги завршите сите останати обврски неповрзани со професионален живот.

prichini-zaradi-koi-zarabotuvate-pomalku-od-toa-shto-zasluzhuvate-04.jpg

Гледате нанапред, наместо гледање наоколу

Многу луѓе, се затвораат во канцеларија и работејќи ја истата работа очекуваат да се качат нагоре по скалата до успехот.

Но, понекогаш треба да погледнете наоколу, да не се ограничувате со развојот и шансите да заработите повеќе.

Можеби ќе бидете поуспешни ако го фокусирате интересот настрана, на нешто што не е ни поврзано со работата директно.

Прво, може да ви донесе дополнителен приход, а второ, таквите луѓе кои не се ограничуваат со една работа, побрзо достигнуваат успех.

prichini-zaradi-koi-zarabotuvate-pomalku-od-toa-shto-zasluzhuvate-05.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

12 причини зошто не сте им допадлива личност на луѓето (и малку ги нервирате) Не давате толку колку што добивате и заборавате дека реципроцитетот е важен, па ...
Џвакање со отворена уста и уште 9 чудни причини зошто луѓе раскинале некому „Искрено, кога некој дише или голта прегласно, не можам да поднесам. Не можам да...
Вечерва почнува зимското сметање на времето: Како влијае врз луѓето и како да се адаптирате полесно? Ноќта кога почнува зимското сметање на времето, добиваме еден час повеќе за спие...
5 причини зошто е добро да спиете на подот (како Јапонците) Го подобрува држењето на телото, а може да ги намали и болките во грбот – кои се...
5 скриени причини зошто се чувствувате несреќно и под стрес Дали си задавате премногу обврски во текот на денот, па немате време да ги заврш...
8 фрази кои оставаат впечаток на помалку интелигентна личност ако често ги изговарате (дури и несвес... Размислете, колку пати сте сакале да префрлите вина на некој друг? Дали прерано&...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg