6 потсетници за оние кои мислат дека не постигнале доволно во 2024 година

Ако не сте ги оствариле сите цели за 2024-та и ако не сте ги следеле новогодишните одлуки, не значи дека исчезнала вашата вредност како личност.

6-potsetnici-za-onie-koi-mislat-deka-ne-postignale-dovolno-vo-2024-godina-01.jpg

Како што наближува крајот на годината, сите размислуваме за нашите достигнувања, но и неуспеси во изминативе 12 месеци.

И, обично луѓето премногу строго се критикуваат кога станува збор за остварените цели.

Обично ова се должи на фактот што на почетокот од годината си поставуаат превисоки цели и очекувања, па сега, кога наближува 2025-та, се чувствуваат лошо бидејќи не оствариле сè.

Ако и вам ве измачуваат овие мисли, можеби ќе ви помогнат следниве потсетници:

Вашите достигнувања не се поврзани со вашата вредност

Ако не сте ги оствариле сите цели за 2024-та и ако не сте ги следеле новогодишните одлуки, не значи дека исчезнала вашата вредност како личност.

Некогаш околностите се надвор од ваша контрола и без разлика колку добро планирате, сепак некои работи нема да станат реалност.

Штом сте се потрудиле и сте го дале најдоброто од себе, треба да бидете горди, дури и ако сте постигнале помалку од планираното.

Ако се споредувате со другите, само ќе се повредите

Патувањето на секој од нас е различно.

Некогаш вие ќе се движите побрзо од другите, но некогаш ќе бидете и побавни.

И, тоа е сосема во ред – секој треба да се движи со свое темпо.

Наместо да се споредувате со другите, пробајте да се споредите со личноста којашто сте биле.

А, успехот на другите гледајте го како мотивација, е на како знак дека вие вредите помалку.

6-potsetnici-za-onie-koi-mislat-deka-ne-postignale-dovolno-vo-2024-godina-02.jpg

Секогаш можете да се потрудите повеќе во новата година

Ако годинава не сте постигнале сè што сакате, не заборавајте дека можете да продолжите да работите на истите цели и во 2025-та.

Иако крајот на годината се чини како завршувањето на цело поглавје, 1-ви јануари сепак е само најобичен ден.

Па, не се преоптоварувајте со тоа што до тој датум не сте оставиле некоја цел.

Светот не се врти околу вашите цели

Иако можеби сега мислите дека вашите цели биле најважното нешто во светот во 2024-та, сигурни сме дека имало и безброј други работи за коишто сте се грижеле и кои го барале вашето внимание.

Ретко кој го има луксузот да може 100% од времето и енергијата да ги посвети на една цел.

Грижата за домот, за семејството, за партнерот, за здравјето – сето ова се работи што одземат многу време и енергија.

Па, пред да се разочарате со помислата дека не сте направиле ништо, бидете пореалистични и размислете колку други работи сте постигнале, а сте ги сметале за неважни.

6-potsetnici-za-onie-koi-mislat-deka-ne-postignale-dovolno-vo-2024-godina-03.jpg

Не чувствувајте вина бидејќи сте одмарале

Не заборавајте дека не треба да се „убиете“ од работа – одморот и релаксацијата се исто важни.

Како ќе го дадете најдоброто од себе ако ментално и физички сте преморени?

Сигурно ви оди подобро отколку што мислите

Луѓето настојуваат да бидат престроги кога се критикуваат себеси.

Што значи, веројатно 2024-та била многу подобра година отколку што мислите.

Сигурно сега, на крајот од годината сте подобра и барем малку поуспешна личност отколку пред 12 месеци.

Не сте стоеле во место и колку и мал да ви изгледа, веруваме дека сте направиле барем еден чекор напред кон вашите цели.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
5 работи што не треба да ги подарувате на домаќините за Св. Никола (и со што да ги замените) Со пари може да ги навредите домаќините, кои ќе помислат дека сакате да си ја пл...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg