Зошто жирафата има долг врат, зошто зевањето е заразно: 18 прашања на кои науката сè уште нема одговор
Во екот на развојот на комуникациите и интернетот, се чини дека нема прашање на коешто нема одговор. Навикнати сме на фактот дека доколку нешто не знаеме, одговорот да го бараме во науката. Или на интернет. Сепак, тоа не секогаш води до 100% точни резултати и одговори.
Ова се само дел од прашањата на кои науката сè уште нема одговор:
Зошто жирафата има толку долг врат?
Секако дека најлогичниот одговор е дека долгиот врат ѝ е потребен за да ги дофати лисјата на високите гранки. Но научниците не го прифаќаат овој одговор како единствен вистински одговор. Затоа ова прашање е сè уште отворено и нема официјален одговор.
Колку години може да доживее човекот?
Колку и да звучи чудно, научниците ја опишуваат староста како болест. Таа веќе не се третира како период од животот и можеме да заклучиме дека не треба да се грижиме за тоа колку е просечниот животен век, туку само како да останеме подолго здрави.
Зошто светлината ги привлекува молците?
Ова е едно од најчестите однесувања на инсектите. Скоро никој од нас нема објаснување зошто се случува овој природен феномен. И покрај фактот што молците умираат скоро секој пат кога ќе дојдат до изворот на светлина навечер, сепак тие не престануваат да летаат кон неа.
Доколку ова се случувало отсекогаш, тогаш би требало од појавата на огнот до денес, сите молци да бидат истребени.
Зошто мачките предат?
Дури и овој едноставен феномен на мачките, научниците не успеале да го објаснат до ден денес. Животните испуштаат различни звуци за различни состојби: кога се нахранети, кога сакаат да јадат, кога се уплашени.
Едно од објаснувањата е дека предењето го помага заздравувањето на коските и тетивите, но ова не дава објаснување зошто мачките предат во различни ситуации.
Зошто проѕевањето е заразно?
Почнуваме да се проѕеваме кога ќе забележиме некој друг како се проѕева. Научниците заклучиле дека способноста за емпатија и сочувство кај човекот, тера да заземеме форма на емоционална комуникација каква што ни прикажува другиот.
Сепак луѓето со аутизам или шизофренија нема да се проѕевнат ако некој друг се проѕева. Научниците сè уште не можат да дојдат до одговор како ова е случај само за проѕевањето.
Како деловите од телото „знаат“ кога да престанат да растат?
Во моментов научниците знаат дека растот на клетките зависи од сигнал којшто го сопира со помош на протеин. Но научниците на знаат каков сигнал е тоа, како се формира и преку кои канали стига до таму и кои процеси го предизвикуваат да почне да се емитува.
Како птиците знаат на која страна да летаат?
Уште од деца сите сме се прашувале како птиците преселници знаат каде да одлетаат на зима и како потоа да се вратат на истото место. Единствената претпоставка е дека ова е потпомогнато од магнетското поле на земјината топка. Во моментов ова е единствениот одговор кој го имаме, но не е прифатен како вистинскиот.
Зошто плацебо лековите функционираат?
Како што знаете, плацебо е супстанција којашто нема никакви медицински својства. Кога го користите, сè се заснова на фактот дека верувате дека тоа е лек и дека ќе ви помогне и има терапевтски ефект. Научниците сè уште дебатираат дали навистина помага и дали треба да се практикува како лекарство.
Што има на дното од океанот?
Можеби ви делува чудно, но навистина не знаеме што има на дното на океаните. Само 5% од океанското дно е проучено.
Остануваат 95% за кои никој ништо не знае, а научниците нема набрзо да го сменат тоа бидејќи според нив полесно ќе стигнат до месечината отколку да се симнат до најдлабоките делови на океаните.