Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто одредени звуци, како чкрипење на заби, нè нервираат?

Секој од нас знае да се нервира, па дури и ежи од одредени непријатни звуци. Некој се нервира од рчење, друг од чкрипење со нокти...

zoshto-odredeni-zvuci-kako-ckripenje-na-zabi-ne-nerviraat-01.jpg

Но, зошто се случува тоа и постои ли некоја можност да се избегне иритацијата?

Најнепријатните звуци

Научниците од Универзитетот во Њукасл направиле експеримент во кои на испитаниците различни звуци им биле пуштани и биле мерени нивните мозоци на магнетна резонанса.

На одредени звуци се засилувал одговорот на мозокот за емоционална контрола и според тоа откриено е кои се најнепријатните звуци:

1. Чкрипење со метал на стакло

2. Чкрипење со греда или нокти на табла

3. Врескање на жена

4. Работење со камен

5. Чкрипење на кочници на велосипед

6. Плачење на бебе

7. Работење на електрична дупчалка

zoshto-odredeni-zvuci-kako-ckripenje-na-zabi-ne-nerviraat-1.jpg

Зошто овие звуци нè нервираат?

Сите ние по природа сме програмирани да водиме сметка на потенцијалните закани, а одредени звуци нè потсетуваат на тоа дека може ние или нашите блиски да се во опасност.

Тие звуци на несвесно ниво ни кажуваат да се подготвиме да бегаме или да напаѓаме.

Меѓу другото звуците влијаат на нашата целокупна емоционална состојба. Пример,силниот звук може да нè направи нервозни и да забораваме, монотоните звуци да се преморите или да добиеме главоболка.

zoshto-odredeni-zvuci-kako-ckripenje-na-zabi-ne-nerviraat-2.jpg

Што можеме да направиме?

Да го смениме нашиот мозок не можеме, ниту пак како функционира истиот на непријатни звуци, но затоа пак можеме да ги избегнуваме звуците, да ја анализираме ситуацијата, да дишеме длабоко за да се релаксираме побрзо...

zoshto-odredeni-zvuci-kako-ckripenje-na-zabi-ne-nerviraat-3.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Поправен дом во САД како од хорор-филм: Децата биле мачени и убивани, властите не сакале да го затво... Поправен дом во Флорида работел повеќе од еден век, и покрај бројните пријави и ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg