Најпопуларните жени-пилоти на Инстаграм
Во 2017-та година авионската индустрија сè уште е убедливо доминирана од мажите, но бројот на жени пилоти, полека расте, а самите тие се ѕвезди на Инстаграм заради нивните фотографии од пилотската кабина и светските патувања.
Тоа се жените кои навистина го менуваат изгледот на типично машката професија и претставуваат инспирација и за другите да не се откажуваат од своите професионални соништа.
Неколку жени пилоти кои се Инстаграм ѕвезди:
Ева Клер Марсел (@flywitheva)
Има 31 година и 393 илјади следбеници на Инстаграм. Холанѓанката лета со Boeing 737 и објавува мотивирачки зборови и фотографии.
„Оддалеченоста од соништата и реалноста се нарекува дисциплина“ - поучува таа.
Есер Аксан Ердоган (@echosierra85)
31-годишната Есер е пилот за турската авиокомпанија „Pegasus Airlines“. Како Ева пред неа, така и Есер лета со Boeing 737, а погледот од нејзината кабина секогаш се менува, па и нејзината локација. Патува низ целиот свет и тоа го покажува на сите свои 636.000 следбеници.
Линди Кетс (@pilot_lindy)
Линди е родена во Холандија, а моментално живее во Италија. 23-годишната Линди лета со Boeing 717 авиони и често објавува фотографии од пилотската кабина за своите 451 илјади следбеници.
Марија Фагерстром (@mariathepilot)
Марија има 24 години и е само уште еден млад пилот од Канарските острови која летајќи со Boeing 737 авиони ги инспирира младите жени ширум светот да ги следат своите професионални соништа.
Марија Петерсон (@pilotmaria)
Ова е колешката на Марија Фагерстром која исто така, станува позната на Инстаграм.
Кога не лета, таа оди на кајт сурфинг, јога и разно разни други спортски активности.
Алехандра Манрикез (@babywingz_pilot)
Ова е уште една дама од Мексико која секојдневно ги изненадува своите 722.000 следбеници со фотографии од пилотската кабина.
Н. Г. | Црнобело