Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како полесно да ги запаметите своите соништа?

Соништата се голема, неистражена област од човечкиот живот. Некои ги сметаат за пророштва, други тврдат дека се предизвикани од минатиот живот, додека трети сметаат дека се работи за активирање на потсвеста додека спиеме.

kako-polesno-da-gi-zapametite-svoite-sonista-001.jpg

Науката нема официјален одговор на оваа тема, а сè повеќе луѓе се трудат да го запаметат она што го сонувале во текот на ноќта.

Ова се неколку совети кои ќе ви помогнат во тоа:

Нутриционистичка поддршка

Најдобра билка за оваа цел е дивиот пелин. Една нејзина активна супстанца се смета дека помага при поттикнување на меморијата поврзана со соништата. Покрај него, и витаминот Б6 е одличен за оваа цел.

Знајте дека сè е во ред и нормално

Една од основните причини зошто несвесно ги исклучуваме соништата од нашата меморија е несвесниот страв да не откриеме нешто лошо за себе. „Наместете“ ги мислите дека сè е во ред и нема нешто што не можете да поднесете.

Будете се природно

Потрудете се да станете без аларм доколку сакате постепено да излегувате од РЕМ фазата.

Бидете упорни и насочени

Насочете ги мислите кон соништата, визуелизирајте ги, обидете се да се сетите барем на некој детаљ. Исто така пред спиење ментално подгответе се и убедете се самите себеси дека утре ќе се сеќавате.

Споделувајте ги соништата

Раскажувајте ги на глас на некој кому му верувате. Како што раскажувате, ќе забележите дека ќе ви се открива дел по дел, слика по слика од она што сте го сонувале.

Запишувајте ги

Најдобар момент да ги запаметите соништата се првите 90 секунди откако ќе се разбудите. Затоа до себе чувајте пенкало и тетратка во која ќе го запишете она на што прво ќе се сетите, односно најважното. Потоа со анализирање и размислување ќе ја склопите целината.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
6 лаги што си ги кажувате сами, а ве кочат во животот „Сите се подобри и поуспешни од мене и никогаш нема да ги стигнам“. Која лага си...
Неучтиви работи што треба да ги избегнувате во супермаркет (прават да делувате невоспитано) Ги блокирате рафтовите со количката и пробувате да одите преку ред на каса – со ...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg