Кои се 5-те најстари држави на светот?

5-najstari-drzavi-na-svetot-1.jpg

Многу често сме читале за тоа кои се најстарите цивилизации, но дали некогаш ви паднало на ум да се запрашате кои држави биле први формирани? Некои имиња може нема да ве изненадат, но сигурно има и такви за кои не би ни претпоставиле дека можат да се најдат на оваа листа.

Во продолжение прочитајте кои држави се сметаат за најстари на светот и како биле формирани.

Сан Марино

Географски, третата по ред најмала држава во Европа, според легендата, основана е во 301-та година кога каменорезецот и христијански светец Свети Марин емигрирал од далматинскиот остров Раб. Тој, бегајќи од прогонот на римските императори, на врв на планина направил манастир и капела во која се собирале христијани и луѓе кои ги делеле неговите верувања.

Папата ја признал сувереноста и независноста на Сан Марино во 1631 година, а француската држава под власт на Наполеон е првата земја која званично ја признала независнота на Сан Марино. Останатите европски држави тоа го направиле во 1797 година на Виенскиот конгрес.

Народна Република Кина

Позната е уште како и држава со најмногу жители во светот. Кина е една од најстарите цивилизации на човештвото. 221-та година пред нашата ера често се смета како година за нејзиното настанување, од причина што тогаш од страна на првиот кинески цар Чин Ши Хуанг Кина била обединета во големо царство.

После кинеската граѓанска војна која заврши во 1946 година, комунистичката партија ја презеде власта над главниот дел на Кина. Кинеската народна партија Куоминтанг се повлекува на Тајван кој не бил под власт на комунистите и Мао Цетунг на 1-ви октомври 1949 година ја прогласува Народна Република Кина.

Јапонија

Како основач на островското царство на Далечниот исток се смета царот Џинму од седмиот век пред нашата ера. Сепак, западните историчари, како и дел од современите јапонски историчари веруваат дека приказната за царот Џимну е легенда, иако голем дел од јапонската културна историја е заснована на вистинитоста на таа приказна. Архелошките испитувања покажуваат дека луѓе во Јапонија живееле и периодот на палеолитот.

Египет

Речиси истовремено со појавата на палеолитскиот човек во Европа, човечки траги се појавуваат по течението на реката Нил. Најстарите пронадјоци на неолитски човек датираат од 4400-та до 4200-та година пред нашата ера. Археолозите имаат пронајдено камени клинови и керамички чинии кои датираат од тоа време. Дури во неолитот се создава и започнува историјата на Стариот Египет.

Фараонот Менес ја основал држата Египет и ја започнал династијата на фараоните кои владелее со државата преку 3.000 години. Големите пирамиди и Сфингата останале како тестамент на историјата на древниот Египет.

Иран

На територијата на Иран, поточно во Белуџистан, пронајдени се остатоци од луѓе и нивно дејство, кои датираат и до 80.000 години. Иран е т.н. родно место на Персиското царство кое започнало со обединувањето на древните ирански народи. Археолошките истражувања покажуваат дека Иран има многу стара цивилизациска историја и дека на таа територија се создавани градови дури и пред 5.000 години.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
13 забавни фото-споредби кои ќе ве насмеат и расположат Луѓе на социјалните мрежи споделуваат фотографии „пред и потоа“ и некои споредби...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg