Како изгледале и што работеле американските претседатели кога биле млади?

Нивните имиња се звучни. Нивните ликови добро познати на речиси секој жител на планетава. Секој од претседателите на САД има оставено свој потпис во времето.

kako-izgledale-i-to-rabotele-amerikanskite-pretsedateli-koga-bile-mladi-01.jpg

Но, додека стигнат до местото на најмоќниот човек во светот, сите поминале низ младоста и биле само „обични“ луѓе, како нас.

Работеле „обични“ работи како чувари, шивачи, активисти...

Следува мала презентација „пред и потоа“ на 10 американски претседатели, без некој посебен редослед.

Всушност, „пред и за време на“ претседателството во случајот:

1. Ричард Никсон, 20 години

Единствениот претседател кој се повлекол од функцијата и го потпишал својот отказ, но и оној истиот кој ставил крај на војната со Виетнам и бил на чело на Белата куќа за да се лансира „Аполо 11“.

2. Џорџ В. Буш, 21 година

Буш е дел од поновата историја. Тој е втор претседател во историјата на Америка кој е син на поранешен претседател.

3. Роналд Реган, 23 години

Човекот кој бил претседател во втората половина на `80-тите е Роналд Реган. Пред својот мандат, тој бил холивудска ѕвезда.

4. Теодор Рузвелт, 21 година

Кај Теодор Рузвелт, уште во младоста се гледало дека има добри насоки и големи амбиции. Познат е по своите книги, реформи, но и наклонетоста кон животните. На 9 години напишал мини труд на тема „Историја на природата на инсектите“. Страдал од астма, за која лекарите немале лек. 

5. Френклин Рузвелт, 18 години

Френклин Рузвелт е роден во фино семејство и цел живот уживал богат живот. Работел како уредник на универзитетско списание на Харвард. Не, тој не е син на Теодор Рузвелт. Потекнуваат од исто стебло, но се далечни 5-ти братучеди. Френклин бил на функција цели 4 мандати, што досега на никој друг претседател му се нема случено.

6. Бил Клинтон

Бил Клинтон е од оние амбициозни момци, претставник на „Baby – Boomers“ генерацијата. Сите негови академски избори се стипендирани од ултра добри стипендии и сѐ што требало да прави е само да оди напред. На речиси сите слики од својата младост е со Хилари.

7. Барак Обама

Шармантниот Барак е првиот афро – американски претседател и првиот претседател кој е роден надвор од копното на САД. Хаваецот Обама после школувањето на Харвард, работи како организатор на протести, а подоцна како адвокат за човекови права.

8. Џон Кенеди, 21 година

Џон Кенеди бил болежливо дете. Често се разболувал, „заглавувал“ по болници со денови, а за да „стане маж“ работел на ранч во Аризона со своите браќа кај некој ранчер. Ранчерот, подоцна изјавил дека детето работело „многу напорно“.

9. Абрахам Линколн

Абрахам Линколн е роден во 1809 година во еднособна кабина на нива. Целото детство му е одбележано од тешка физичка работа, иако ја одбегнувал за да чита книги. Најлесното што го работел е кога пренесувал роба од едно до друго населено место по реката Мисисипи, за некој свој пријател – трговец.

10. Доналд Трамп

Актуелниот претседател отсекогаш го правел тоа што и му донесе богатство – биснисот со недвижнини, кој патем го започнал неговиот татко. Трамп дипломирал на Воената Академаија во Њујорк, а подоцна завршил финансиски менаџмент.

Л. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Добил смртна казна на 16 години, мислел дека е 500-годишен вампир – Бизарниот случај на Род и негови... На 16 години, Род од САД станал лидер на култ и ги убедувал членовите дека самио...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg