Што се јаде во кината ширум светот?
Очекуваме дека одговорот е секаде ист - пуканки и Coca-Cola. Но, грешиме.
Вистина е дека во речиси секоја земја ги имате пуканките како опција, но има и други популарни опции.
На пример:
Во Грција на располагање има и сувлаки, кое често се јаде во кината под отворено небо.
Во Израел се јаде фалафел - вкусни топчиња од наут, завиткани во пити полнети со зеленчук.
Во Мексико се јаде тостилокос - мешавина од тортиља чипс измешан со зеленчуци и сосови.
Во Финска во кино луѓето јадат разни гумени бонбони.
Во Кина љубителите на филмот исто така се љубители и на солени сливи, семки од сончоглед и суви лигњи.
Во Холандија исто така се јадат гумени бонбони, но со додаток од сладунец. Посебно популарни се солените гумени бонбони со специфичен вкус кој е тежок за варење кога првпат ќе го пробате.
Во Јужна Кореја преферираат печени костени, наместо пуканки.
Во Колумбија јадат пржени мравки. Не, не е шега. Таму пржените мравки се сметаат за афродизијак и се многу популарни.
Во кината во Индија можете да најдете традиционална блага храна. На пример, печиво слично на мекици (самосас) со разни преливи и Вада Пав - сендвичи со шницли од компир.
Во Тајван се јаде месо, поточно пржено пилешко.
Во Јапонија се јадат ситни риби, односно сардини или iwashi, што значи преработени млади сардини.
На Барбадос, ако решите да одите на кино, ќе мора да ги пробате топчињата од риба, брашно и многу зачини.
М. Д. | Црнобело