Албино кавијар, сирење од ирвас: Кои се најскапите намирници во светот?
Поимот скапа храна може да подразбира многу работи. На пример, добро познато ни е дека тартуфите се едни од најскапите печурки, бидејќи процесот на нивно наоѓање е неверојатно тежок.
Но, што друго, исто така е скапо?
1. Печурките Мацутаке
Овие печурки се толку ретки што нивната цена може да биде и 600 долари по килограм. Потекнуваат од Јапонија, но растат во уште неколку азиски земји. Нивниот број денес е намален заради влијанието на инсектите и дрвјата кои растат на местата каде вообичаено и овие печурки можат да се најдат.
2. Кафето „Luwak“
Овој тип на кафе се произведува во индустриски количини во Индонезија, Филипини и Јужна Индија, а неговата цена се движи од 250 па сè до 1.200 долари од килограм. Познато е заради специфичниот метод на произведување.
3. Бел бисер (Албино) кавијар
Еден килограм од овој тип на кавијар чини 9.100 долари, а се добива од руската есетра која живее во Каспиското Море. Цената е висока затоа што, јајцата од оваа риба ретко се набавуваат.
4. Супата „Swallows’ Nest“
Станува збор за супа која се прави од гнездото на редок тип на ластовица која гнездото го прави исклучиво од сопствената плунка и никакви други материјали. Гнездото на овие птици е деликатес во кинеската кујна чија цена е околу 3.000 долари од килограм.
5. Шафран
Цената на зачинот варира од 400 до 1.000 долари на килограм, бидејќи шафранот расте само 7 дена во годината, секоја есен. За да се направи еден килограм од овој зачин, потребни се 300.000 цвеќиња.
6. Бели тартуфи
Високата цена е резултат на условите кои се потребни за да расте и специфичните методи за собирање заради што, еден килограм бели тартуфи чини 2.100 долари.
7. Црната кокошка „Ayam Cemani“
Овој тип на кокошка се одгледува во Индонезија, но не се носи во другите земји заради опасноста од ширење на птичји грип. Црната кокошка е толку ретка што едно мало пиле чини 200 долари, а ако сакате да ја купите во друга земја може да чини илјадници долари.
8. Јапонските „Wagyu“ стекови (телешко)
Ова е еден од најскапите и највкусните деликатеси во светот, цената на еден килограм од ова месо е 450 долари.
9. Сушена пиринејска шунка
„Jamón Ibérico“ се произведува во Шпанија и е најскапата шунка во светот. Свињата од која се прави се храни исклучиво со желади. Цената на килохрам шунка достигнува до 392 долари.
10. Сирење од ирваси
Едно од најскапите сирења во светот е сирењето од ирвас кое се произведува само на едно место - фармата „Moose House“ во Шведска. Еден килограм од ова сирење чини 1.074 долари.
Н. Г. | Црнобело