Што точно содржи една тегла Nutella?

На Reddit се појави мал дијаграм кој покажува што точно има во една тегла Nutella од кој најверојатно ќе останете без зборови.

shto-tocno-ima-vo-edna-tegla-nutela-01.jpg

Наместо готовиот производ кој го гледаме додека го јадеме, на дијаграмот е прикажана и тегла во која се одвоени сите состојки од кои се прави ова слатко уживање, во нивната оригинална форма.

Секоја тегла се состои од палмино масло, какао, лешници, обезмастено млеко во прав и шеќер.

Секој слој е точен приказ на количината на состојките кои ги има во една тегла Nutella.

Според тоа, може да се заклучи дека една половина од теглата се состои само од обичен бел шеќер.

shto-tocno-ima-vo-edna-tegla-nutela-2.jpg

Сликата стана вирална на Reddit каде беше лајкувана повеќе од 28.900 пати, а оваа информација од компанијата не беше ниту негирана, ниту потврдена.

Но, на нивната официјална интернет страна пишува дека во една лажица која се состои од околу 15g Nutella има 8,5g шеќер што значи дека една тегла има околу 227,2g, што е околу половина тегла од 400g.

Меѓу другите контроверзни состојки е и палминото масло од кое зависи текстурата на кремот и неговата долготрајност. Палминото масло е најевтиното масло на пазарот, а ако Ferrero, компанијата која го прави овој крем, го замени истото, тоа ќе ја чини дополнителни 8 до 22 милиони долари.

Информацијата за состојките не ја потврдуваат, но од компанијата едно тврдат: „Нашиот производ треба да се ужива во умерени количини. Nutella треба да биде дел од балансиран начин на исхрана.“

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени бонтон правила што никој не ги почитува Мажите не треба да чекаат жената да им пружи рака за да се ракуваат, а во рестор...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Фотографии што ќе ве замислат – Урбаниот пекол што си го изградивме сами Огромни сиви згради, валкани улици и ниту едно дрво – како изгледа урбаниот пеко...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Бон-тон правила на кои најчесто не им обрнуваме внимание (иако треба) Вистинските дами на важните настани носат хулахопки, дури и кога надвор е премно...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg