12 тајни кои вработените во авиокомпаниите не сакаат да ги знаете
Како што секоја професија си има свои скриени тајни, така е и со авиокомпаниите.
Сепак, некои од вработените сметаат дека е интересно патниците да ги знаат ваквите тајни, па често ги објавуваат на социјалните мрежи.
Ова се тајните кои тие ги откриле...
1. Не сите помали проблеми можат да се решат веднаш
Не ни помислувајте дека авионот ќе полета пред да се направи негова целосно проверка. А, листата за тоа е огромна. Сепак, доколку се појави некаков проблем, кој воопшто не влијае на безбедноста, летот може да биде дозволен со цел да се избегне доцнење.
2. За што служат рачките до вратата во внатрешноста на авионот?
Тие се наменети првенствено за кабинскиот екипаж, во случај на паника. Кога стјуардесите ја подготвуваат вратата за итна евакуација на патниците, може да настане паника и некој од нив случајно да ја удри или дури и да ја турне стјуардесата од авионот. Овие држачи се наменети за да им помогнат на стјуардесите да се задржат и да не паднат.
3. Капетанот и копилотот добиваат различна храна
Доколку еден од нив се затруе и не е во состојба да го контролира авионот, тогаш другиот би можел да биде во состојба да ја преземе одговорноста за авионот. Сепак, ова правило не се користи во сите авиокомпании.
4. Малечките катанци на куферите не се проблем за куферот да се отвори
Патентот може лесно да се отвори и со помош на пенкало, па затоа овие катанци кои го заклучуваат патентот, не ви гарантираат никаква безбедност.
5. Зошто навистина не би требало да се пуши во авион?
Иако како главна причина се наведува опасноста од пожар, постои уште една важна причина за оваа забрана. Имено, воздухот во авионот постојано циркулира со помош на посебни филтри, кои при чад од цигари би се трошеле и би било потребно постојано менување.
6. Главни причини за губење на багажот
- дополнителна проверка на багажот за која треба време, а авионот не може да чека толку долго
- грешка на персоналот во товарање на багажот
- грешно поставување на ознаката на куферот
- патникот не ги извадил старите ознаки на багажот што доведува до забуна
- багажот заглавил на лентата за багаж на аеродромот или е пратен на погрешен лет
- багажот паднал од камионот кој го пренесува до авионот и никој не забележал
- системот за препознавање на багаж не функционира или ознаката е изгубена, затоа луѓето се советуваат да имаат ознаки со имиња и надвор и во внатрешноста на самиот багаж
7. Зошто патниците треба да ги исклучат телефоните?
Не е вистина дека телефонот може да наштети на безбедноста на авионот, но може да создаде силна бучава, што може да доведе до евентуална забуна кај пилотите и да не чујат важни информации од контролата за летање.
8. Вработените и нивните семејства имаат привилегирани авионски билети
Многу од вработените во авиокомпаниите добиваат неверојатно евтини, па дури и бесплатни летови за нив и членовите на нивните потесни семејства. Сепак тие мораат да ги платат таксите, додека летот најчесто е целосно бесплатен.
9. Вратата на тоалетот може да се отвори и однадвор
За таа цел, вратата има посебен лост, кој е сокриен зад знакот „Забрането пушење“ или „Тоалет“. Секако тоа не е направено за да се наруши приватноста на патниците, туку за екипажот да може да интервенира доколку на некој од патниците не му е добро и му треба помош.
10. Потпирачите на столчињата во средината и до прозорците се повишуваат
Иако многумина мислат дека тие се фиксни, сепак постојат мали копчиња на долниот дел, кои доколку ги притиснете ќе можете да ги поставите на саканата висина.
11. Кога е најдобро време за купување билет?
Се верува дека колку порано резервирате билет, толку истиот е поевтин. Сепак, понекогаш не е така. Постои едно интересно непишано правило според кое билетите речиси секогаш во вторник, среда и сабота се поевтини.
12. Нема да зажалите ако бидете љубезни
Бидете сигурни дека доколку се поставите пријателски и бидете смирени и љубезни, стјуаердеси ќе сакаат да ви помогнат во што и да треба. Ако до вас имате бучни патници и сакате да го промените местото, колку пољубезно го побарате тоа, толку поголеми се шансите кабинскиот персонал да ви излезе во пресрет.
М. С. | Црнобело