10 строги правила кои кралските дадилки не смеат да ги прекршат
Принцот Џорџ и принцезата Шарлот секогаш се во сигурни раце, бидејќи за нив 24/7 се грижат најдобрите дадилки. Постои дури и посебно училиште каде се образуваат кралските дадилки и ги учат строгите правила на нивната работа.
10 правила и должности кон кои кралските дадилки мораат да се придржуваат:
1. Мораат да знаат да заврзуваат пелени на неколку начини
Во кралското семејство не е обичај да се користат пелени за еднократна употреба. И пред дадилката да ја добие работата, таа мора да знае да ја заврзе пелената на неколку начини за на детето да му биде што е можно поудобно.
2. Детскиот простор за играње мора да биде беспрекорно уреден
А, таа задача не е едноставна, бидејќи кога ќе се заигра детето, може низ целиот простор да има расфрлани играчки.
3. Мора да знае како да се справи со можните напаѓачи
Безбедноста на децата е на прво место, а дадилката мора да знае како да го заштити детето како од папараци, така и од потенцијални напаѓачи. Некои од дадилките имаат завршено курс за курс Теквондо.
4. Мора да знае да вози брзо
За да ги избегне погледите од новинарите кои постојано го следат кралското семејство, дадилката мора да биде вешта со воланот, а притоа животот на детето да не биде загрозен.
5. Мора да биде добар пливач
Бидејќи кралското семејство често оди на одмор на крајбрежје, дадилката мора да биде подготвена и за спасување, во случај децата да влезат во вода и се дават.
6. Смее да носи минимална количина на шминка
Студентките на колеџот „Norland“ каде се образуваат да бидат дадилки, носат скромни кафени униформи и мораат да избегнуваат наметлива шминка. По дипломирањето униформата ја носат во специјални прилики и понатаму мораат да изгледаат природно.
7. Смее да носи само дискретни модни додатоци
Кралската дадилка исто така, не смее да носи и впечатлив накит, туку само суптилни и скромни парчиња.
8. Мора да биде доволно силна за да управува со колички над 30 килограми
Количките од брендот „Silver Cross“ се најпопуларни меѓу припадниците на кралските семејства, а нивна одлика е дека се прилично тешки за маневрирање.
9. Мора да внимава детето да се храни здраво
Секако, готвачите се задолжени за подготовките на секој оброк, ама одговорноста е на дадилката да биде сигурна дека ќе внимава што ќе јаде детето и дали ќе развие здрави навики на исхранување.
10. Мора да биде подготвена во секој момент да го смири расплаканото дете
Дадилката е таа која се буди доцна во ноќта за да го смири расплаканото дете.
Н. Г. | Црнобело