Најжешкиот кабински персонал - стјуардеси, стјуарди и пилоти со неодоливи тела (фото)
Екипажите на авионите често се жалат дека нивниот живот не е така гламурозен како што сите мислиме, но нивните фотки кажуваат нешто сосема спротивно.
Од фотките кои ги споделуваат со хаштагот #cabincrewlife, знаеме дека изгледаат неверојатно добро и заради тоа, често имаат уште една работа плус како модели, бодибилдери или лични тренери.
На пример, стјуардесата Викторија Тсуранова го користи своето слободно време да се фотографира на локации како Израел, Тајланд и Бали и да го покаже своето витко вајано тело во костими за капење.
Кога не служи пијалаци и оброци во воздух, има втора работа како презентер на рускиот Music Box канал.
Нејзината колешка од „Emirates“, Џорџа Нилсен од Мелбурн има импресивни 35.000 следбеници на Инстаграм заради нејзините долги трепки и подеднакво витки и долги нозе додека е во униформа и надвор од неа.
Стјуардот Даниел Смит исто така, е модел.
Рајнам од „Norwegian Airlines“ прави комбинации на фотки од нејзините гламурозни патувањата и сексапилните сцени во бикини.
Па и пилотите, како Бразилецот Хадсон Са, споделуваат жешки фотографии не само во пилотската кабина, туку и надвор од неа.
Мохамед Наим Салма кој е стјуард исто така, е и бодибилдер кој во 2014-та година го освои второто место на „Mr Dubai“.
Колумбискиот пилот Таво има 21.000 следбеници на Инстаграм каде го покажува своето неверојатно згодно тело.
Н. Г. | Црнобело