Запросување со пенлива купка (фото)

Празниците се одлично време за поставување на големото прашање на вашата избраничка, без оглед дали тоа вклучува романтично возење на рингишпил само за вас, посебно изработен сладолед бидејќи и двајцата го обожавате или романтична вечера на некое посебно место.

zaprosuvanje-so-penliva-kupka-1.jpg

Факт е дека луѓето измислуваат сè поневеројатни начини за да го постават ова важно прашање.

Девојката добила пенлива купка за бањање од нејзиното момче за Божиќ, која конечно решила да ја искористи дури на 30 декември – веројатно на негово барање.

„Мила, наполни ја кадата со вода и опушти се. Изгледаш напнато. И искористи ја купката што ти ја подарив.“ – биле неговите зборови.

zaprosuvanje-so-penliva-kupka-2.jpg

Но, откако купката се растопила таа забележала дека нешто лебди на површината.

zaprosuvanje-so-penliva-kupka-3.jpg

Во посебен пластичен дел се наоѓал дијамантски прстен, кој штом го видела - ѝ станало јасно.

zaprosuvanje-so-penliva-kupka-4.jpg

zaprosuvanje-so-penliva-kupka-5.jpg

„Pearl Bath Bombs“ е всушност компанијата која стои зад ваквите интересни запросувања.

Купките се изработуваат во најразлични бои и мириси а цената за истите се движи меѓу 14,95- 44,95 долари.

Имајќи го предвид фактот дека вршат испорака насекаде низ светот, момци еве ви идеја за романтично запросување на вашата девојка.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто ни се чини дека јануари трае вечно, според психолози? Денот е екстремно краток, паричникот празен, а по празниците мораме да се вратим...
Што значи буквата „М“ формирана од линиите на вашата дланка? Колкупати сте се запрашале што означуваат линиите на внатрешноста на нашите длан...
Низ илустрации: Како да одговорите на непристојни прашања, за никогаш веќе да не ви ги постават? Како да одговорите на прашањето зошто немате деца, зошто сте сингл, дали некогаш...
Луѓе кои не заслужуваат да им дадете втора шанса Кога некоја личност постојано зема и никогаш не враќа, тоа може да биде исцрпува...
Периоди во животот кога е нормално (и корисно) да се чувствувате изгубено, според психологијата Ако вашата работа не ве исполнува, може да се чувствувате изгубено. Но...
Колку плата земаш? Бремена ли си? - 6 прашања кои учтивите луѓе никогаш не ги поставуваат Луѓето не се чувствуваат пријатно кога некој им ги поставува овие прашања. Лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg