Зошто секогаш треба да се потпирате само на себе?
Постои една прекрасна идеја позната уште како „Теорија на рак во кофа“. Накратко кажано, раковите се така примитивни суштества што ако ги ставите во кофа, иако лесно сами би можеле да избегаат, тие се закачуваат едни за други така што се сè подалеку од можноста да избегаат.
Тоа е така затоа што сите се обидуваат да дојдат до излезот, ама се влечат едни со други надолу.
Тоа е нивната природа и не можат да избегаат од тоа.
Од друга страна, понекогаш и ние луѓето сме такви. Менталитетот на раковите, кај нас е претставен со зависта.
Луѓето си завидуваат едни на други и се обидуваат да се натпреваруваат и надминат едни со други, а природно на тоа доаѓа, другата личност да се обидете да ја повлечете надолу.
Сите ние знаеме дека зависта не влече надолу, ама сепак, продолжуваме со тоа неуспешно и деструктивно однесување.
На пример, кога некој се обидува да се откаже од пушењето, обично ќе наидете на луѓе кои ќе кажат - „Никогаш нема да успее“, „Само се залажува“, „На крај пак ќе пропуши“...
Вака функционира Теоријата на ракови во кофа.
Тоа е како кога вашите колеги ќе ве прашаат зошто воопшто сте се мачеле да дипломирате или магистрирате кога на крајот завршувате на истото работно место со нив.
За жал, таква е човечката природа и не можеме да направиме нешто околу тоа. Освен една работа, да продолжиме да се качуваме нагоре кога другите се обидуваат да не повлечат надолу.
Н. Г. | Црнобело