5 креативни идеи за новогодишна забава во домашна атмосфера

Дали традиционалните домашни забави ви се здосадени и монотони? Подготвени ли сте да го избегнете шаблонот и да приредите вечер за паметење за вас и вашите пријатели?

5-kreativni-idei-za-novogodisna-zabava-vo-domasna-atmosfera-01.jpg

Ви нудиме 5 креативни и едноставни идеи за супер новогодишна забава во домашна атмосфера.

Ветуваме дека подготовките нема да ви одземат премногу време, ниту пак ќе се одразат негативно врз вашиот буџет, а забавата со сигурност ќе припадне во категоријата на оние кои се прераскажуваат со задоволство:

Шизење на хитовите од `90-тите години 

Златните `90-ти години претставуваат една плодна и шаренолика декада од музика и мода.

Запрашајте се што ги одбележа `90-тите и што најмногу ви недостига? Вклучете ги овие работи во забавата. Омилените гранџ, рок или поп хитови нека бидат вашиот прв музички избор.

Дали под креветот или во плакарот можеби криете кутија со постери кои грижливо ги собиравте пред дваесет години? Време е да ги извадите од заборав. Закачете ги низ просторијата каде што ќе се одвива забавата.

Доколку има расположение, во поканата наведете дека „дрес кодот“ за забавата вклучува барем едно парче облека типично за модната `90-та декада. Фланелни карирани кошули и комбинезони од тексас, хитчињата на Spice Girls и Backstreet Boys и забавата може да почне.

Црно-бел свет на повидок

Потрудете се сè што ќе ја опфати забавата да биде во црно-бела комбинација, почнувајќи од храната и пијалаците (чоколадо, бели колачиња, кока кола, темно пиво, бело вино), до декорациите за кои може да употребите црни и бели балони или чаршафи и дрес кодот на гостите.

Кога веќе одите во екстреми, креирајте музичка плејлиста која ќе го одземе здивот и ќе ве стави на врвот на парти организаторите, достојни за восхит.

White Wedding на Billy Idol, Black od White од Michael Jackson, како и хитовите на Black Eyed Peas и White Stripes нека се погрижат за добра и оригинална црно-бела забава.

Дегустација на вино и сирења

Пластичните чаши заменете ги со елегантни вински чаши. Набавете различни видови вино и погрижете се да имате неколку типови на необични сирења кои ќе ги дегустирате.

Изборот на музиката нека биде типично француска, со која ќе го доближите духот на нацијата која обожава да дегустира вино и сирење.

Консумирајте одговорно и имајте пријатна дегустација и новогодишна забава.

Време за микрофон и караоке

Мора да признаеме дека караоке забавите се секогаш интересна и весела идеја. Сè што ви е потребно е одлично озвучување и инструментални верзии, односно матрици од песните кои ќе ги пеете. Вклучете песни од секаков тип – странски и домашни хитови, па дури и детски или народни песни.

Колку пошарен избор – толку повесело. За уште подобра забава направете картички кои ги вклучуваат насловите на песните или изведувачите, кои ќе ги сместите во стаклен сад, па случајното влечење ја одлучува секоја наредна песна.

Дрес код: Пижами

Можеби наједноставната и најпривлечната идеја истовремено – забава во пижами. Лежерна и комфорна варијанта за сите кои не сакаат да губат премногу време во планирање на забавата – како домаќините, така и гостите. Музиката и јадењето се слободна територија, но слично како и облеката треба да бидат едноставни и лесно достапни.

Одберете многу грицки, готов пудинг, бонбони, лижавчиња и слични слатки и солени задоволства. Имајте перници, кебенца или вреќи за спиење во близина доколку некому му се приспие.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg