Заспаната убавица силувана...- Вистината позади омилените детски бајки е многу пострашна
Израснавме со приказните за Црвенкапа, Снежана и Пепелашка, кои воедно претставуваа инспирација и за многубројни долгометражни цртани.
Но, дали некогаш сте се запрашале како изгледале оригиналните приказни за нашите омилени ликови од детството? Вистината е дека тие се далеку посурови и пострашни отколку бајките на кои сме навикнати.
Сечење прсти и глави, носење железни чевли, гулаби кои ги колваат очите... доколку се заинтересиравте прочитајте ја оригиналната основа на следниве 6 класични детски бајки:
Шарениот свирач
Во приказната за Шарениот свирач од Хамелин стаува збор за село кое е под наезда на глувци. Човек облечен во шарена облека пристигнува во селото и им нуди на селаните да ги ослободи од глувците со својот инструмент и песната, во замена за кесе златници.
Откако тој ќе се ослободи од глувцитe селаните не сакат да му платат, па на ист начин како и глувците, тој им ги зема децата и ги носи во пештера. Во оригиналната приказна децата завршуваат удавени во река, како казна затоа што селаните не му платиле на свирачот.
Црвенкапа
Приказната за Црвенкапа каква што ја знае најголемиот дел од нас, завршува кога ќе ја спаси ловецот којшто го убива лошиот волк.
Оригиналот на приказната не е воопшто весел. Црвенкапа прво е прелажана од лошиот волк, а потоа изедена и толку. Ја нема ниту бабата на Црвенкапа, ниту ловецот да ги спаси.
Малата принцеза сирена
Верзијата на приказната за малата принцеза сирена Ариел која Дизни ја реализираше во прекрасен цртан филм завршува со свадба откако сирената ќе се претвори во прекрасна девојка.
Но, во оригиналната верзија на приказната сирената ќе го види принцот како се жени со друга принцеза и ќе падне во очај. Тогаш ќе ѝ биде понуден нож за да го избоде принцот до смрт, но наместо таа опција, таа ќе скокне во морето и ќе умре претворајќи се во морска пена.
Снежана и седумте џуџиња
Во приказната којашто сите ја знаеме, кралицата бара од ловецот да ѝ го донесе срцето на Снежана како доказ за нејзината смрт, но тој наместо нејзиното ѝ носи срце од дива свиња.
Во оригиналната приказна, лошата кралица бара од ловецот да ги донесе џигерот и белите дробови на Снежана, коишто ќе бидат послужени за вечера.
Исто така во оригиналот, Снежана се буди откако коњот на принцот ќе ја исфрли од седлото, а не од бакнежот на принцот. На крај кралицата умира така што ќе биде приморана да игра до смрт носејќи вжештени железни чевли на нозете.
Заспаната убавица
Приказната за заспаната убавица започнува кога принцезата ќе биде проколната од наречниците за кога ќе порасне да се боцне на вретеното и да спие сто години, сè додека не ја разбуди принцот со бакнеж.
Оригиналната приказна е многу посвирепа. Принцезата според пророштвото ќе се успие од боцнувањето со вретеното, но кога ќе дојде принцот наместо да ја бакне ќе ја силува. Така заспана таа ќе роди две деца, а ќе се разбуди откако едното од децата, цицајќи ѝ го прстот, ќе го извади трнот од скршеното вретено од нејзиниот прст.
Ивица и Марица
Во општопознатата приказна, Ивица и Марица се губат во шумата и завршуваат во куќичка направена од слатки, каде што се заробени од вештерката која сака да ги изеде. Тие на крајот успеваат да избегаат и ја фрлаат вештерката во огнот да изгори.
Во првобитната приказна наместо вештерката, Ивица и Марица го среќаваат ѓаволот. Потоа тие се спасуваат на ист начин, но ѓаволот нема да изгори, туку ќе се обиде повторно да ги убие прелажувајќи ги да легнат на маса со пила. Тогаш двете деца му велат на ѓаволот дека не знаат како да легнат и додека тој им покажува, тие му го сечат гркланот и се спасуваат.
Пепелашка
Модерната приказна за Пепелашка завршува со свадбата со принцот, додека двете нејзини полусестри се мажат со два лорда и сите среќно си живеат.
Приказната во нејзината оригинална форма раскажува за Родопа, а не Пепелашка и понатаму тече скоро исто како онаа приказна која ја знаеме, со таа разлика што нема стаклени чевли и кочија од тиква. Исто така, лошите полусестри на Пепелашка сечат делови од нивните пети и прсти на нозете, обидувајќи се да ја облечат чевличката на Пепелашка.
Принцот е предупреден за ова од два гулаби коишто им ги колваат очите на полусестрите. На крајот, полусестрите завршуваат како слепи питачи, а Пепелашка го живее својот живот во богатство.
(О)Милена | Црнобело