12 коинциденции кои сериозно ќе ве замислат

Животот понекогаш ни носи чудни изненадувања кои навидум е невозможно да се објаснат следејќи ја теоријата за веројатност.

12-koincidencii-koi-seriozno-ke-ve-zamislat-1.jpg

Светот е полн со толку чудни коинциденции кои честопати прават да се замислиме за тоа какво е ова место на кое живееме и какви сè моќи постојат, а ние не знаеме.

Следниве мистери се само мал дел од сето тоа:

1. Реинкарнација

Енцо Ферари, кој ја основал компанијата „Ферари“, починал во 1988-ма година. Речиси еден месец подоцна се родил фудбалерот Месут Озил. Гледајќи ги нивните портрети лесно би можеле да помислите дека се близнаци. Или можеби Озил е реинкарнација на Енцо?

12-neverojatni-koincidencii-koi-kje-ve-ostavat-so-otvorena-usta-01

2. Претчувство за Титаник

Во 1898-ма година, 14 години пред потонувањето на Титаник, писателот Морган Робертсон го напишал романот „Futility“ кој раскажува приказна за брод кој тоне со неверојатно слично име „The Titan“. Но, нештата не запираат тука, и двата брода, висинскиот и замислениот, биле опишани како бродови кои не може да потонат, имале слични технички карактеристики, им недостасувал соодветен број чамци за спасување и удриле во санти мраз.

12-neverojatni-koincidencii-koi-kje-ve-ostavat-so-otvorena-usta-02

3. Соседи кои живееле во различни векови

Познатиот композитор Џорџ Хендл бил сосед на познатиот гитарист Џими Хендрикс – иако ги делела само временска разлика од 2 векови.

12-neverojatni-koincidencii-koi-kje-ve-ostavat-so-otvorena-usta-03

4. Трагедијата на браната „Ховер“

Еден од првите луѓе кој загинал при изградбата на браната „Ховер“ бил Џорџ Тиерни, на 20-ти декември 1922-ра година. Последниот човек кој починал за време на изградбата бил Патрик Тиерни – неговиот син, исто така починал на 20-ти декември.

12-neverojatni-koincidencii-koi-kje-ve-ostavat-so-otvorena-usta-04

5. Судир на единствените два автомобили

Во 1895-та година се судриле два автомобили во државата Охајо. Сепак она што ја прави сета работа бизарна, е фактот дека тоа се случило во почетокот на автомобилската ера кога во Охајо всушност и постоеле само два автомобили.  

12-neverojatni-koincidencii-koi-kje-ve-ostavat-so-otvorena-usta-05

6. Коинциденции во биографиите на Линколн и Кенеди

Постојат повеќе чудни коинциденции кои ги поврзуваат овие двајца американски претседатели. И двајцата биле убиени во атентат, заработувајќи рана на задниот дел од главата, во петок, пред голем празник (Линколн пред Велигден, а Кенеди за време на Денот на благодарноста), при што и двајцата биле придружувани од сопругите и уште еден пар. И двајцата имале 4 деца, пријател по име Били Греам, а нивните следбеници, односно заменици претседатели, се викале Џонсон, доаѓале од југот и биле демократи. Секретарката на Кенеди го носела презимето Линколн, додека Линколн имал секретар кој се викал Џон.

12-neverojatni-koincidencii-koi-kje-ve-ostavat-so-otvorena-usta-06

7. Првите и последните војници

Гробовите на првите и последните британски војници убиени во Првата светска војна се наоѓаат на 6 метри едни од други, а нивните надгробни плочи се свртени една кон друга.

12-neverojatni-koincidencii-koi-kje-ve-ostavat-so-otvorena-usta-07

8. Гласини за временската машина на Едгар Алан По

Во книгата „The Narrative of Arthur Gordon Pym of Nantucket“ напишана од Едгар Алан По се зборува за 4 морепловци кои го преживеале тонењето на нивниот брод и биле присилени да го изедат едно од момчињата кое помагало на бродот, по име Ричард Паркер. Иако По тврдел дека таа е напишана според вистинита случка, нештата не биле баш такви.

Четириесет и шест години по пишувањето на книгата, навистина потонал брод а членовите на екипажот кои биле спасени раскажале како морале да изедат едно од момчињата задолжено за помош, по име Ричард Паркер. Ова довело до гласини дека писателот имал сопствена временска машина.

12-neverojatni-koincidencii-koi-kje-ve-ostavat-so-otvorena-usta-08

9. Несреќни браќа

Во јули 1975-та година, Ерскин Лоренс Ебин, 17-годишен жител на Бермудските Острови, возел моторцикл при што бил удрен од такси. Речиси една година претходно, исто така во јули, неговиот брат – кој исто така имал 17 години – бил убиен. Тој го возел истиот моторцикл и бил удрен од такси. Зад воланот се наоѓал истиот возач, а го возел и истиот патник.

12-neverojatni-koincidencii-koi-kje-ve-ostavat-so-otvorena-usta-09

10. Ентони Хопкинс и една ретка книга

За една улога на актерот Ентони Хокинс му била потребна книгата „The Girl from Petrovka“ од Џорџ Фејфер. Ја барал во многу книжарници, но не успеал да ја најде. На крајот сепак ја нашол заборавена во метрото.

Кога Хопкинс и Фејфер се сретнале тој му ја раскажал случката и му ја покажал книгата, а Фејфер му ракажал како последниот примерок кој го имал му го дал на некој пријател, кој пак го изгубил во метрото.

12-neverojatni-koincidencii-koi-kje-ve-ostavat-so-otvorena-usta-10

11. Посебно име за Римската империја

Градот Рим, според легендата бил основан од Ромул и Рем, така што Ромул станал првиот крал на Рим. Последниот владетел на Западното римско царство бил Ромул Август, иако бил роден како Флавиј Ромул Август.

12-neverojatni-koincidencii-koi-kje-ve-ostavat-so-otvorena-usta-11

12. Предвидувањето за победата на Доналд Трамп во „Симпсонови“

Креаторите на „Симпсонови“ во една епизода во 2000-та година на шега го претставија Доналд Трамп како претседател на САД. Кој би поверувал дека тоа навистина и ќе се случи?

12-neverojatni-koincidencii-koi-kje-ve-ostavat-so-otvorena-usta-12

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Најубавите женски имиња инспирирани од цвеќиња (и нивното значење) За родителите од големо значење е на своето дете да му дадат име кое гордо ќе го...
Милионери кои исчезнале под мистериозни околности (и не се најдени до денес) Во 2020-та, богаташката Мелиса од Австралија го напуштила нејзиниот дом во пет ч...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg