10 начини да го зголемите нивото на допамин, за никогаш да не бидете тажни
Допамин - еден од најважните хормони во телото, одговорен за задоволство и добро расположение.
За никогаш да не престанете да го произведувате и за никогаш повеќе да не бидете тажни, обидете се да ги почитувате овие 10 правила.
1. Направете ги вежбите кои долго ги одложувате за следниот понеделник. И секогаш одбирајте спорт или активност која ја сакате.
2. Не заборавајте на детоксикацијата. Без оглед на тоа дали ќе го направите преку смутија или храна, направете го барем неколку пати во годината.
3. Избегнувајте било каква зависност. Од алкохол, кафе, цигари, па дури и шопинг. Сите навики кои краткотрајно ве прават среќни, долгорочно ви причинуваат незадоволство.
4. Слушајте музика. Наједноставниот начин да бидете посреќни.
5. Почесто комуницирајте со пријателите. Дури и кога сте лошо расположени, неколку редови разговор може да ви го зголеми нивото на допамин во телото.
6. Не се плашете да бидете креативни. Не мора да ја насликате следната Мона Лиза, доволно е да зготвите, испеете или танцувате.
7. Зголемете го нивото на тирозин. Тоа ќе го направите со големи количини на зелен чај, лубеници, бадеми, банани, авокада и секако, темно чоколадо. Црното вино е уште една добра варијанта.
8. Медитирајте. Медитацијата е најлесниот начин телото активно да почне да го произведува хормонот на среќата.
9. Запишувајте ги задачите и пречкртувајте ги откако ќе ги завршите. Докажано е дека пречкртувањето дава уште поголема мотивација и чувство дека нешто важно сте завршиле.
10. Наспијте се.
М. Д. | Црнобело