Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


11 успешни бизниси кои имале скромни почетоци во гаража

Секој бизнис кој денес добро го познаваме имал свој скромен почеток, со малку буџет и во гаража.

11-uspeshni-biznisi-koi-imale-skromni-pocetoci-vo-garaza-01.jpg

На големо изненадување, најголемите мултинационални компании, музички групи и други неверојатно успешни бизниси започнале во нечија гаража со група на вистински ентузијасти.

На пример:

1. „Amazon“

Во 1994-та, Џеф Безос ја основал својата прва онлајн книжарница која денес ја познаваме како „Amazon“.

2. „Apple“

Стив Џобс и Стив Вознијак првите компјутери ги склопиле во гаражата на Џобс. Денес, „Apple“ има над 13.000 вработени.

3. „Disney“

Рој и Волт Дизни првите анимирани филмови започнале да ги снимаат во својата гаража.

4. „Hewlett-Packard“

Иницијалната инвестиција со која започнала да функционира компанијата „Hewlett-Packard“ била $538 долари.

5. „Google“

Најголемиот светски пребарувач некогаш бил само истражувачки проект на двајца дипломирани студенти на Стенфорд.

6. „Harley-Davidson“

Вилијам С. Харли и неговиот пријател од детството на Артур Дејвидсон извршувале експерименти на своите велосипеди во барака за дрва.

7. „The Beatles“

„The Quarrymen“ бил бенд основан од Џон Ленон кој правел проби во гаража. Наскоро Ленон се запознал со Пол Макартни и бил основан бендот „The Beatles“.

8. „Microsoft“

„Microsoft“ некогаш се состоела само од тројца вработени, вклучувајќи ги и основачите Бил Гејтс и Пол Ален. Денес над 120.000 луѓе работат за „Microsoft“.

9. „Lotus Cars“

Основачот на „Lotus Cars“ првите автомобили за тркање започнал да ги произведува во гаражата на неговите родители.

10. „Mattel“

Во 1945-та година еден пар формирале компанија која произведувала рамки за фотографии, а денес се познати по производството на куклата „Barbie“.

11. „Nike“

Еден студент по атлетика и неговиот тренер ја основале „Blue Ribbon Sports“ која на почетокот функционирала како дистрибутер на јапонски бренд за чевли, а денес компанијата е позната како „Nike“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg